„Годините не ја менуваат личноста, туку ја полираат “ – Цитати на Мерил Стрип за стареењето (без пластични операции)

„Се сакам себеси каква што сум сега. Можеби на други не им се допаѓам, но јас се чувствувам пријатно“ - цитати од безвременската Мерил Стрип за годините и стареењето, што ќе ве натераат да се почувствувате удобно во сопствената кожа, без разлика колку години имате.

godinite-ne-ja-menuvaat-lichnosta-tuku-ja-poliraat-citati-na-meril-strip-za-stareenjeto-bez-plastichni-operacii-01.jpg

Мерил Стрип денес има 73 години. Таа важи за една од најпознатите холивудски актерки, која играла во голем број познати филмови, а важи за жена што старее достоинствено и никогаш не направила пластична операција.

На сцената е уште од 70-тите години на минатиот век и сѐ уште добива понуди за филмски улоги. Позната е по нејзината неконвенционална убавина, а самата вели дека поминала премногу време борејќи се со сопствената несигурност.

godinite-ne-ja-menuvaat-lichnosta-tuku-ja-poliraat-citati-na-meril-strip-za-stareenjeto-bez-plastichni-operacii-02.jpg

Нејзините цитати за стареењето и за годините честопати се споделуваат на социјалните мрежи.

Во продолжение ви пренесуваме 9 најинтересни од нив:

„Знам дека животот е краток и јас сум среќна жена. Мислам дека секој треба да си најде сопствен начин и да си постави сопствени правила. Треба сами да се сфатите себе и само тоа е важно.

На крајот на краиштата, потребно е вие да сметате дека сте ја донеле правилната одлука, а не она што мајка ви ви го кажала. Не она што ви го кажала некоја актерка. Не нешто што некој друг ви го рекол, туку оној мал глас (во вас).“

„Мојот совет е: 'не губете премногу време на тоа да се грижите за тоа каква ви е кожата или дали имате вишок килограми. Посветете се на тоа што го правите, на начинот на којшто оставате печат врз светот'.“

„Се сакам себеси каква што сум сега. Можеби на други не им се допаѓам, но јас се чувствувам удобно. Послободна сум. Не сакам да ми биде важно тоа што стареам.“

„Како што имаш сѐ помалку време пред себеси, сѐ повеќе сакаш да бидеш свој и да не им удоволуваш на другите околу себе.“

„Моите ќерки ми помогнаа да престанам да се грижам за сопствениот изглед низ годините. Загубив толку многу години мислејќи дека не сум доволно убава и се прашував зошто немам тело како Џесика Ланг или нозе како некој друг? Сега сфаќам дека залудно сум го загубила времето.“

Прочитајте и Бурна афера со Џек Николсон, 6 месеци по смртта на првата љубов се премажила - Љубовниот живот на Мерил Стрип

godinite-ne-ja-menuvaat-lichnosta-tuku-ja-poliraat-citati-na-meril-strip-za-stareenjeto-bez-plastichni-operacii-03.jpg

„Се трудам да водам што е можно поедноставен живот. Не можеш да станеш разгалена ако сама си ја пеглаш облеката.“

„Кога старееме стануваме она што требало да бидеме кога сме имале 8 години. А на 8 сме оние што ќе станеме во староста. Не, ние суштински не се менуваме.“

„Годините не ја менуваат личноста – тие ја полираат. Стануваме малку поарогантни. На 25 години бев најголем специјалист за тоа како и што треба да играм. Сега не сум толку сигурна во тоа.“

„Мора да прифатите дека стареете. Животот е скапоцен и кога ќе загубите голем број (драги) луѓе, ќе сфатите дека секој ден е подарок.“

godinite-ne-ja-menuvaat-lichnosta-tuku-ja-poliraat-citati-na-meril-strip-za-stareenjeto-bez-plastichni-operacii-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg