Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Има над 60 острови, црвената е бојата на жалоста и уште 8 интересни факти за Тунис

Тунис има над 60 острови, околу 2/3 од земјиштето се кориси за земјоделство, а луѓето во градот Матмата живеат под земја. Факти за Тунис што сигурно не сте ги знаеле.

ima-nad-60-ostrovi-crvenata-e-bojata-na-zhalosta-i-ushte-8-interesni-fakti-za-tunis-01.jpg

Тунис е земја која е позната по прекрасното крајбрежје, убавите плажи, градбите, музеите и вкусната храна кои привлекуваат многу туристи.

Тунис се наоѓа во Северна Африка во која доминираат арапски говорници. Се граничи со Алжир, Либија и Средоземното Море. Земјата има површина од 163,610 километри квадратни и е дом на приближно 11,5 милиони луѓе.

Културата во Тунис е многу разновидна, делумно поради долгите периоди на отоманско, а потоа и француско владеење, но и поради тоа што популациите на евреите и христијаните со векови живееле меѓу муслиманското мнозинство.

Името на Тунис потекнува од главниот град Тунис, кој се наоѓа на североисточниот брег. Денес, главниот град Тунис ги спојува древните арапски пазари и џамии и деловните згради во модерен стил, што го прави еден од најубавите и најживите градови во регионот.

Има многу работи кои го прават Тунис посебен, а оваа листа се само неколку од тие:

Црвената е бојата на жалост во Тунис.

Во Тунис се наоѓа четвртиот најважен град во исламскиот свет - Кајруан (после Мека, Медина и Ерусалим).

Во Тунис досега се смениле само 5 претседатели.

Многу делови од филмовите Star Wars се снимени во Тунис.

Национален цвет на Тунис е јасмин.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спасил над 1.000 Евреи, умрел во сиромаштија: Вистинската приказна за Оскар Шиндлер (и неговата лист... Користејќи ги своето влијание и своето богатство, Оскар Шиндлер спасил над 1.000...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg