Филмски цитати кои носат длабока животна порака

„Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord of the Rings.

filmski-citati-koi-nosat-dlaboka-zhivotna-poraka-01.jpg

Најчесто филмовите носат одредена поука и порака, а нам ни останува да ја откриеме.

Покрај тоа, многу од главните ликови изговараат цитати кои самите по себе се „тешки“ и ни даваат повод подлабоко да размислиме за животот, љубовта, надежта, судбината…

Таквите цитати се паметат, а многу често треба и да си ги повторуваме, со цел да си дадеме нова надеж, нова причина да продолжиме да го следиме нашиот пат.

Цитати од филмови кои во себе носат длабока порака:

Lost In Translation

„Се чувствувам многу осамена, дури и кога сум опкружена со други луѓе“.

Eternal Sunshine of the Spotless Mind

„Возрасните се како мешавина од тага и фобии“.

Requiem for a Dream

„На крајот, сè е добро“.

The Matrix

„Да ги негираме нашите сопствени импулси значи да го негираме токму она што нè прави луѓе“.

citati-od-filmovi-koi-vo-sebe-nosat-dlaboka-zhivotna-poraka-02_copy.jpg

Forrest Gump

„Не знам дали секој од нас има судбина или сите ние едноставно лебдиме наоколу, како на ветер. Но, мислам дека е и едното и другото. Можеби и двете се случуваат истовремено“.

Good Will Hunting

„Ти не си совршен и оваа девојка која ја запозна исто така не е совршена. Но, прашањето е дали сте совршени еден за друг или не“.

„Некои луѓе не можат да си веруваат на себе додека некој друг прво не верува во нив“.

The Theory of Everything

„Сите сме различни. Колку и да изгледа животот лош, секогаш има нешто што може да направите и во што ќе успеете. Додека има живот, има и надеж“.

citati-od-filmovi-koi-vo-sebe-nosat-dlaboka-zhivotna-poraka-0102.jpg

The Lord of the Rings: The Fellowship of the Ring

„Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“.

Fight Club

„Само откако ќе изгубиме сè, слободни сме да правиме што било“.

The Curious Case of Benjamin Button

„Нашите животи се дефинирани со можностите, дури и со оние што ќе ги пропуштиме.“

Dead Poets Society

„Без разлика што ќе ви каже некој, зборовите и идеите може да го променат светот“.

The Green Mile

„Не можеш да скриеш што има во твоето срце“.

citati-od-filmovi-koi-vo-sebe-nosat-dlaboka-zhivotna-poraka-04.jpg

Ferris Bueller's Day Off

„Животот се движи прилично брзо. Ако одвреме-навреме не застанете и не погледнете наоколу, може да го пропуштите“.

The Godfather

„Големите луѓе не се раѓаат големи, тие стануваат големи“.

The Lion King

„Да, минатото може да боли. Но, можеш или да бегаш или да научиш од него“.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg