„Извинете што доцнам“, „Учев ама ми се измеша“ – 27 фрази кои ни го одбележаа школувањето, а денес ни се смешни
„Добар ден, извинете што го прекинувам часот, може ли да позајмам сунѓер?“, „Седете! Ѕвони кога јас кажувам дека ѕвони“ - познати ли ви се фразиве? Оваа листа ќе ве потсети на школските денови и слатко ќе ве насмее за маките кои сие сме ги имале тогаш.
Во школските денови, постоеја некои фрази кои се повторуваа речиси кај сите, независно дали од страна на учениците, родителите или наставниците.
Стресот кога ќе ни кажеа да извадиме два листа од тетратка за ненајавен тест или испрашување според датумот и ученикот со ист број во дневник, позајмувањето листови од соучениците, фразите на родителите со кои нè тераа да учиме и нашите вечни оправдувања - работи на кои денес слатко ќе се насмееме.
Кои од овие фрази го одбележаа вашето школување?
Извинете што доцнам.
Добар ден, извинете што го прекинувам часот, може ли да позајмам сунѓер?
Тргнете сѐ од клупите, скинете два листа од средина, правиме наставно ливче.
Немам лист, ја поминав средината на тетратката.
За колку ќе ѕвони?
Седете! Ѕвони кога јас кажувам дека ѕвони.
Кажи на глас, па и ние да се насмееме.
Сега ќе ти ставам 5-ка, ама да ја оправдаш во следно полугодие.
Твое е само да учиш, ние сѐ друго ти обезбедивме.
Оценката не е мерка на знаењето.
Секоја оценка е за учениците.
Учев, ама сѐ ми се измеша.
Учи, знаењето никој не може да ти го украде.
Загреј ја столицата.
Се гледаме во август.
Седи, единица.
Кој зборува таму позади?
Ова треба да го знаеш дури и кога некој среде сон ќе те праша.
Повторувањето е мајка на знаењето.
Наставничке/наставнику, ги прегледавте ли тестовите?
Вие сте најлошото одделение!
Кој ќе одговара? Кој датум е денес?
Паметен/а си, ама многу си мрзелив/а.
Го заборавив блокот, може ли еден лист?
Ќе дојдат моите да ме оправдаат.
Другата група беше полесна.
Дежурен, кои се отсутни?
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com