„Поминаа многу години, сè уште чекам да слушнам од тебе. Ако некогаш го добиеш моето писмо, сети се на мене, види ги моите солзи на хартијата… Ако сакаш друга жена кога го читаш моето писмо, искини го и прашај ја дали верува дека една битолчанка Елени Каринте цел живот го потрошила чекајќи маж со кој поминала само еден ден“ - стои во писмото што убавата Битолчанка му го напишала на Кемал Ататурк. Основачот и прв претседател на Република Турција кој оставил огромна трага во турската историја.