10 цитати за бракот (што ќе ве натераат да верувате во вистинска љубов)

„Кога некој ве сака силно, тоа ви дава сила, но кога сакате некого силно, стекнувате храброст“ и уште 9 убави цитати за среќните бракови што ќе ве натераат да верувате дека вистинската љубов сепак постои.

10-citati-za-srekjniot-brak-shto-kje-ve-nateraat-da-veruvate-deka-vistinskata-ljubov-sepak-postoi-01_copy.jpg

Од една страна многумина се скептични кога станува збор за бракот како институција, но постојат и такви што ја нашле својата сродна душа, па за својата среќа зборуваат во секоја можна пригода.

Прочитајте 10 цитати за среќните бракови, што ќе ви измамат насмевка на лице и ќе ве натераат да верувате дека вистинската љубов сепак постои.

1. „За да ја откриете вистинската вредност на среќата, мора да имате со кого да ја споделите“. – Марк Твен

2. „Добар брак е оној во којшто секој од партнерите потајно се надева дека добил подобра зделка“. – Непознат автор.

3. „Кога на крај ќе се најдете во среќен брак, сфаќате дека и пропаднатите врски ви помогнале за да стасате дотаму“. – Џулија Робертс

4. „Среќниот брак е заедница од две личности што знаат добро да простуваат“. – Рут Бел Греам

5. „Кога некој ве сака силно, тоа ви дава сила, но кога сакате некого силно, стекнувате храброст“.- Лао Це

10-citati-za-srekjniot-brak-shto-kje-ve-nateraat-da-veruvate-deka-vistinskata-ljubov-sepak-postoi-povekje-02.jpg

6. „Совршениот брак не следува откако „совршениот пар“ ќе почне врска. Тој настанува кога несовршениот пар ќе научи да ужива во меѓусебните различности“. – Дејв Мјурер

7. „Бракот не е именка, туку глагол. Тоа не е нешто што го добиваш, туку нешто што го правиш. Тоа е начинот на којшто го сакаш партнерот секој ден“. – Барбара де Анџелис

8. „Не престануваш да ја сакаш личноста која е повредена, туку стануваш посилен за таа да може да се потпре на тебе“. – Кристин Хана

9. „Љубовта не стои во место како камен, туку мора да се направи, како леб. Постојано да се преправа и да се создава нова“. – Урсула Ле Гуин

10. „Добриот брак е оној што дозволува раст и промена на партнерите, но и на начинот на којшто ја изразуваат љубовта“. – Перл Бак

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg