11 цитати во кои ќе се пронајдат сите жени „шопингхоличарки“
„Би сакала моето осигурување да ја покрива шопинг терапијата“. „Престани да купуваш облека! Нека престане облеката да ми стои вака совршено!“
Дали и вие сте зависничка од шопинг и новото фустанче или пар чевли ви се начин за разубавување и на најлошиот ден?
Ако е така, тогаш сигурно ќе се пронајдете во овие цитати:
„Престани да купуваш облека! Нека престане облеката да ми стои вака совршено!“
„Среќа е... Да ти пристигне тоа што си го нарачала онлајн“.
„Јас не сум шопингхоличарка, јас ѝ помагам на економијата“.
„Шопингот е уметност, а јас сум уметник. Ве молам почитувајте го тоа!“
„Секој што вели дека парите не купуваат среќа, не знае каде да отиде на шопинг“.
„Лош ден? Ништо што добар шопинг не може да го поправи“.
„Би сакала моето осигурување да ја покрива шопинг терапијата“.
„Шопингот е поевтин од одењето на психолог“.
„Гласовите во мојата глава ми кажаа да купам повеќе пара чевли“.
„’Имам доволно облека и чевли, повеќе не одам на шопинг’, не кажала ниту една жена некогаш“.
„Шопингот е моето кардио“.
С. С. | Црнобело / фото: deposiphotos.com