Користел психоделични дроги, не ја признавал вонбрачната ќерка: Факти за животот на Стив Џобс
Стив Џобс почина од рак во 2011 година, а многумина сметаат дека можел да се спаси доколку не ги одбивал препорачаните третмани од лекарите. Наместо да направи операција кога ја добил дијагнозата, милијардерот пробувал да се лекува со веганска исхрана, акупунктура и разни билки. Во младоста, колегите во компанијата во којашто работел, се жалеле на неговата лоша хигиена, а имал и вонбрачна ќека која со години не ја признавал.
Стив Џобс е еден од основачите на Apple, а со тоа и едно од најпознатите имиња во технолошката индустрија.
Милијардерот почина од рак на 56-годишна возраст.
Неколку факти за животот на Стив Џобс:
Бил посвоен кратко откако се родил
Биолошките родители не можеле да се грижат за Стив Џобс, па го дале на посвојување кратко откако се родил.
Мајка му била Американка, додека татко му потекнувал од Сирија.
Тие имале еден услов – луѓето коишто ќе го посвојат нивниот син да се со високо образование.
Иако родителите што го посвоиле немале завршено факултет, биолошките родители на Стив се согласиле на посвојувањето, бидејќи добиле ветување дека тој сигурно ќе заврши факултет.
Го запознал Стив Вознијак на 13-годишна возраст
Стив Вознијак и Стив Џобс се основачите на компанијата Apple, а се запознале кога Џобс имал само 13 години.
Тогаш Вознијак бил средношколец, односно имал 18 години.
Бил слаб ученик и се отпишал од факултет
Во основно и средно, Стив Џобс бил слаб ученик. Самиот има изјавено дека никогаш не му се допаѓала структурата на образовниот систем и дека повеќе сакал да учи на свој начин.
Тој се запишал на факултет, но решил да се отпише. Сепак, продолжил да слуша предавања од разни области за да го збогати знаењето.
Во студентските денови немал пари
Благодарение на Apple, Стив Џобс беше еден од најбогатите луѓе во светот.
Но, додека бил студент едвај сврзувал крај со крај. Наводно, спиел на подот во студентските соби на негови пријатели.
Бидејќи немал ни пари за храна, неретко добивал бесплатни оброци во локален хиндуистички храм што го посетувал.
Експериментирал со психоделични дроги и бил будист
Стив Џобс поминал седум години патувајќи низ Индија, каде што експериментирал со психоделични дроги.
Самиот има изјавено дека ова било едно од најважните искуства во неговиот живот.
Во текот на патувањето, тој го проучил и зен будизмот, а на крај го прифатил како своја религија.