Користел психоделични дроги, не ја признавал вонбрачната ќерка: Факти за животот на Стив Џобс
Крадел од партнерот Стив Вознијак
Пред да го основаат Apple, Вознијак и Џобс направиле видеоигра за конзолата Atari, а се договориле профитот да го делат на пола.
Компанијата Atari ја купила играта за 5.000 долари, но Џобс му кажал на партнерот дека му дале само 700.
Што значи, Вознијак зел само 350 долари, додека Џобс практично ги украл останатите 4.650 долари.
Колегите се жалеле за неговата хигиена
Додека работел во компанијата Atari, Стив Џобс ретко се туширал.
Истовремено, низ канцелариите скоро секогаш шетал бос.
Бидејќи на другите вработени почнала да им пречи неговата лоша хигиена, на крај му рекле да работи само ноќни смени.
На некој начин, беше избркан од Apple
Стив Џобс ја основа компанијата со Стив Вознијак, но и со Роналд Вејн. Сепак, уште на почетокот, Роналд се откажал и го продал својот дел за само 800 долари.
Доколку тоа го направел денес, веројатно би станал милијардер.
Во 1985 година Џобс доби отказ од неговата компанија поради конфликти со тогашниот извршен директор.
Но, самиот има изјавено дека ова било како благослов, бидејќи тогаш имал време да се фокусира на други работи.
По некое време, основа студио за анимација – Pixar – кое денес е едно од најпознатите во светот.
Сепак, подоцна Џобс повторно работеше за Apple, и тоа речиси до неговата смрт.
Имал вонбрачна ќерка што не ја признавал
На 23-годишна возраст, добил ќерка – Лиса Бренан – но со години не признавал дека е негова.
Мајката на девојчето многупати пробувала да го натера да плаќа алиментација, но безуспешно.
На крај, Џобс сепак ја призна ќерка си, по што таа си го промени името во Лиса Бренан Џобс.
Почина од рак бидејќи пробуваше да го лекува со алтернативна медицина
Во 2003 година, Џобс беше дијагностициран со рак на панкреасот.
Лекарите му рекле веднаш да направи операција, но тој одбил и наместо тоа почнал да користи алтернативна медицина, како веганска исхрана, акупунктура и користење разни тревки.
Очекувано, терапијата што ја одбра не беше ефикасна, па девет месеци подоцна сепак направи операција.
Во 2006 година ракот му се врати, а лекарите верувале дека причината е тоа што чекал многу долго за првата операција.
Во 2009 година му беше направена трансплантација на црниот дроб, но во наредните неколку години здравјето му се влошуваше.
Во 2011 година тој се повлече од позицијата во Apple за да се фокусира на здравјето, но почина два месеца подоцна, на 56-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело