Цитати кои ќе ви ја смират анксиозноста и ќе ви помогнат да се ослободите од грижите
„Ви ветувам дека ништо не е хаотично како што ви изгледа. Ништо не е толку вредно за да ви страда здравјето. Ништо не е толку важно за да се труете со стрес, анксиозност и страв“ – Стив Мараболи.
Сите сме се соочиле со доза анксиозност поради секојдневните проблеми и грижи.
Сепак, кај некои луѓе анксиозноста е многу поизразена и многу посериозна. Ако сте во ваква ситуација, не плашете се да побарате помош.
А, во најтешките мигови, можеби ќе најдете утеха во некој од следниве цитати:
„Верувајте во себе. Сте преживеале толку многу и ќе преживеете што и да доаѓа“ – Роберт Ту.
„Внатрешниот мир почнува во моментот кога ќе престанете да им дозволувате на луѓето и настаните да ги контролираат вашите емоции“ – Пема Кодрон.
„Анксиозноста е родена во истиот миг како и човештвото. И, бидејќи никогаш нема да можеме да ја совладаме, ќе треба да научиме да живееме со неа – како што научивме да живееме со бури“ – Пауло Коелјо.
„Грижата е како стол со клацкалка – ви овозможува да правите нешто, но не ве носи никаде“ – Глен Тарнер.
„Ништо не ја отстранува анксиозноста побрзо од делувањето“ – Волтер Андерсон.
„Не мора да ги контролирате вашите мисли. Само треба да престанете да им дозволувате тие да ве контролираат вас“ – Маја Анџелоу.
„Ако сакате да ја совладате анксиозноста што ја предизвикува животот, живејте во моментот, живејте со секој здив“ – Амит Реј.
„Она што е зад нас и она што е пред нас е неважно во споредба со она што е во нас“ – Ралф Валдо Емерсон.
„Не дозволувајте умот да ве натера да верувате дека вашето тело мора да го носи товарот на грижите“ – Астрид Алауда.
„Ви ветувам дека ништо не е хаотично како што ви изгледа. Ништо не е толку вредно за да ви страда здравјето. Ништо не е толку важно за да се труете со стрес, анксиозност и страв“ – Стив Мараболи.
„Ништо не е вечно во овој свет – дури ни нашите проблеми“ – Чарли Чаплин.
„Мора да се откажеме од животот што сме го планирале за да го живееме животот којшто нè чека“ – Џозеф Кемпбел.
Спирова С. | Црнобело