Цитати од култни филмови кои ќе ве натераат да размислувате за животот и себеси
„Медицината, правото, бизнисот, инженерството, ова се важни нешта, неопходни за да преживееме. Но, поезијата, убавината, романсата, љубовта, ова се работите за коишто живееме“, Dead Poets Society.
Филмовите се забавен начин да го пополниме слободното време, но факт е дека можат да бидат и навистина едукативни.
Приказните на ликовите нè тераат да се соживееме со некој друг, да научиме нешто од неговите грешки (и успеси), а одвреме-навреме слушаме и по некој цитат кој има моќ да ни ја промени перспективата за многу нешта.
Неколку цитати од култни филмови кои сигурно ќе ве замислат:
To Kill a Mockingbird
„Никогаш нема да разбереш некоја личност сè додека не ја земеш предвид неговата перспектива… Сè додека не влезеш во неговата кожа и прошеташ во неа“.
Pocahontas
„Некогаш, вистинскиот пат не е најлесниот“.
Forrest Gump
„Мајка ми секогаш ми велеше дека мораш да го оставиш минатото зад себе пред да продолжиш понатаму“.
Harry Potter and the Chamber of Secrets
„Нашите способности не покажуваат какви сме навистина… покажуваат нашите избори“.
Braveheart
„Сите ќе умреме, прашањето е само како и зошто“.
500 Days of Summer
„Дали некогаш помислуваш на сите моменти со некоја личност, ги разгледуваш одново и одново и пробуваш да ги најдеш првите знаци дека нешто не е во ред?“
X-Men
„Само затоа што некој се сопнал и се изгубил, не значи дека ќе биде изгубен засекогаш“.
Three Kings
„Нештата функционираат вака – ќе го направиш она коешто најмногу те плаши, па ќе ја најдеш храброста, но не претходно“.
Dead Poets Society
„Не читаме поезија бидејќи е слатка. Читаме и пишуваме поезија бидејќи сме дел од човечката раса. И, човечката раса е полна со страст.
Медицината, правото, бизнисот, инженерството, ова се важни нешта, неопходни за да преживееме. Но, поезијата, убавината, романсата, љубовта, ова се работите за коишто живееме“.
Спирова С. | Црнобело