Околу 10% од Европјаните се имуни на ХИВ и уште 7 научни факти кои звучат нереално
Бактеријата гонореја може да подигне нешто што е 100.000 пати потешко од неа и поради ова важи за најсилното суштество на земјата. За споредба, ова би било исто како човек од 60 килограми да може да крене нешто што тежи 6 милиони килограми.
Многу работи околу нас земаме „здраво за готово“ и речиси и да не им обрнуваме внимание во секојдневието.
Но, светот во којшто живееме е ништо помалку од импресивен и секогаш има нешто ново што може да нè изненади.
Осум научни факти за светот околу нас кои ќе ви звучат како лага:
Повеќе од половина од кислородот на Земјата доаѓа од океаните, езерата и реките
На училиште сите сме учеле дека дрвјата се важни за нашиот екосистем бидејќи создаваат кислород.
Ова секако дека е точно, но Земјата има уште еден исто важен извор на кислород – вид планктони кои живеат во океаните, реките и езерата.
Таканаречените фитопланктони се микроскопски организми кои се способни за фотосинтеза и ослободуваат кислород.
Бидејќи се многубројни, создаваат и многу кислород, односно околу половина од целиот на Земјата.
На телото имаме исто бактерии колку и клетки
Не сите бактерии се лоши и на нашето тело „живеат“ микроби кои имаат важна улога во целокупното здравје.
Според процените на експертите, во просек, секој човек има скоро ист број бактерии на телото колку што има и клетки, односно околу 30 трилиони.
Нормално, бројот може да варира од разни причини, но генерално е сличен.
Околу 10% од Европејците се имуни на ХИВ
Истражување од 2005 година спроведено на Универзитетот во Ливерпул покажало дека околу 10% од Европјаните се имуни на вирусот ХИВ.
Тие имаат генетска мутација која не му дозволува на вирусот да влезе во клетките.
Се претпоставува дека пандемиите кои пустошеле низ Европа во Средниот век имале удел во ова.
Луѓето кои преживеале веројатно го носеле генот во себе и им го пренесувале на своите деца.
Возможно е и мутацијата да настанала поради една од многуте пандемии бидејќи е забележана само кај Европјани.
Умереното играње видеоигри е добро за мозокот
Видеоигрите имаат лоша репутација кај некои луѓе и донекаде нивниот став е оправдан бидејќи прекумерното играње секако дека е штетно.
Но, умереното играње од неколку часа неделно може да биде и од корист.
Истражување во кое учествувале околу 2.000 деца покажало дека оние кои играле видеоигри покажале подобри резултати на тестови за когнитивни способности и имале подобра меморија за разлика од децата кои воопшто не играле.
Сепак, во истражувањето е нагласено дека оние кои играле повеќе од три часа дневно, секој ден, забележувале проблеми со фокусот, депресија и хиперактивност.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





