На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот
Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви?
Фактите се секогаш забавни за читање бидејќи со нив учиме нови работи. Но, секако, не сите факти се однесуваат на природата, некоја дестинација или нешто слично.
Има и по малку мрачни факти кои иако вознемирувачки, сепак се и фасцинантни.
Седум вакви факти во продолжение:
Постои болест која може да направи да мислите дека сте мртви
Такнаречениот Котардов синдром е ретко ментално нарушување поради кое личноста која е заболена верува дека е мртва или дека не постои.
Некогаш заболените веруваат дека немаат крв или некои органи.
Во екстремни случаи, заболените престануваат да јадат и пијат бидејќи сметаат дека нема потреба (штом се мртви).
Никој не знае што го предизвикува нарушувањето, но се претпоставува дека е последица на неколку фактори како шизофренија, користење некои видови дрога и слично.
Поверојатно е да ве касне човек во Њујорк, отколку ајкула во океан
Оваа бизарна статистика постои од 1977 година, кога во Њујорк имало 900 пријави за луѓе кои биле каснати од човек.
Истата година, во САД биле пријавени осум случаи на луѓе каснати од ајкула.
Околу една деценија подоцна, бројот на пријави за луѓе каснати од човек пораснал на повеќе од 1.500.
Не се познати податоци за тоа колкав е точниот број денес, но наводно уште честопати се случувало човек да касне друг човек.
И, не е познато зошто.
Секој крузер има мртовечница
Секако дека патниците не сакаат ни да помислат на тоа, но на крузерите, на кои некогаш има и над 1.000 патници, не е реткост некој да почине.
И, за крузерот да не го менува правецот кон најблиското пристаниште, секој брод си е опремен со мртовечница.