На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот
Човечката вилица е доволно силна за сами да си одгризете прст
Нашата вилица има доволно сила за да одгризе прст – заедно со мускулите и коската во него. Секако, ова не би било лесно, како да гризнувате морков, но сепак е возможно.
Но, нашиот мозок потсвесно ја регулира оваа сила за да не се повредиме самите.
Кога се бакнуваме, пренесуваме милиони микроби
Со еден бакнеж од десет секунди, луѓето пренесуваат 80 милиони бактерии.
Главно, овие бактерии веќе се наоѓаа во нашето тело и не се опасни.
Проблемите со срцето се главна причина за смрт ширум светот
На глобално ниво, се претпоставува дека кардиоваскуларните болести убиваат околу 17,9 милиони луѓе годишно.
Најголемиот дел се инфаркти и мозочни удари, додека третина од смртните случаи се кај луѓе помлади од 70 години.
Добрите вести се дека со промени во начинот на исхрана и зголемена физичка активност, можете да ги спречите овие болести.
Многу луѓе умираат на нивниот роденден
Постои таканаречен роденденски ефект кој е необичен статистички феномен каде што шансите за смрт кај личноста се зголемуваат со наближувањето на роденденот.
Потребни се дополнителни истражувања за овој феномен, но се верува дека проблемите со менталното здравје можат да се влошат на роденденот, па се зголемува ризикот од самоубиство, особено ако личноста се чувствува осамено.
Исто така, многу луѓе за роденденот знаат да претераат со алкохол, па и дрога, што може да биде уште една причина за смртен исход и оваа бизарна статистика.
Спирова С. | Црнобело