10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат)
Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирамиди од Египет... Прочитајте ги овие факти и научете нешто ново и интересно.
Овие интересни факти ќе ве изненадат и најверојатно ќе ве воодушеват, па ќе сакате да ги споделите и со пријателите.
Дали знаете некој од нив? Ако не, освен што ќе се забавувате и зачудите додека ги читате, ќе научите нешто ново.
Најстарото дрвено тркало е направено пред повеќе од 5.100 години
Во 2002 година во близина на Љубљана е пронајдено дрвено тркало, кое е старо помеѓу 5.100 и 5.350 години.
Тркалото се наоѓа во музеј, а неговата старост е откриена преку радиојаглеродно датирање - радиометриски метод кој го употребува природниот постоечки изотоп на јаглерод-14 (C-14) за да ја одреди староста на јаглеродните материјали (одредува до старост од 60.000 години).
Мртвите клетки од кожата ја создаваат најголемата прашина во домот
Според истражувањата направени на Imperial College London, луѓето отфрлаат околу 200 милиони мртви клетки од кожата на секој час.
Судан има повеќе пирамиди од која било друга земја
Иако Египет е познат по пирамидите, сепак, бројот на пирамиди меѓу двете земји е неспоредлив.
Па, така, во Египет има 118 пирамиди, а во Судан тој број изнесува околу 255.
Африка е распространета на сите 4 хемисфери
Африканскиот континент е така позициониран, што неговата површина е распространета на сите 4 хемисфери.
Рожницата е еден од двата дела од телото која нема крвни садови
Рожницата е чистиот дел од окото кој ја покрива зеницата и другите делови на окото.
'Рскавицата и рожницата се единствените типови ткиво во човечкото тело кои не содржат крвни садови.
Првиот анимиран филм во светот е направен во Аргентина
Иако луѓето веруваат дека првиот долгометражен анимиран филм е Snow White and the Seven Dwarfs кој го направил Волт Дизни во 1937 година, сепак, 20 години претходно во Аргентина е направен анимираниот филм El Apostol.
Ова е политичка сатира која трае 70 минути и за која се направени 58.000 цртежи.
Транссибирската трансверзала поминува преку 3.901 мост
Транссибирската трансверзала, не само што е најдолгата пруга во Русија, туку е и една од најдолгите во светот.
Патувањето во еден правец трае 7 дена, период во кој патниците менуваат 8 различни временски зони и поминуваат преку 3.901 мост од почетната до крајната точка.
Во внатрешноста на Земјата има доволно злато да може да се прекрие целата планета
Јадрото на Земјата е полно со злато.
Го има толку многу, што целата планета може да се покрие со злато и тоа „златната прекривка“ да е дебела 45cm.
Лимонот лебди, но лиметата тоне
Лиметата е погуста од лимонот, па кога ќе ја ставите во вода, за разлика од лимонот, таа ќе потоне.
Шкотска има 421 збор за „снег“
Во Шкотска постои 421 различен збор кој е поврзан со снег.
Па така sneesl значи „почнува да паѓа снег“, feefle е снежна виулица, а flinkdrinkin значи „многу малку паѓа снег“.
А. Ј. | Црнобело