10 цитати за сите вљубеници во Италија
„Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и вие вака? Италија е сонување со отворени очи, зарем не?
Сум ја посетила Италија неколкупати во животот и секое местенце кое сум го видела и искусила таму ми го заробило срцето.
Италија е магија, Италија е сон, Италија е бајка...
Ако и вие сте вљубеници во нејзината неверојатна убавина, тогаш овие цитати ќе ве инспирираат за ново патување таму.
Магијата на Италија низ цитати:
„Можеш да го имаш универзумот ако ми дозволиш јас да ја имам Италија“.
„Во Италија храната е израз на љубов“.
„Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“.
„Во Италија велат дека задоволството е обврска“.
„Италијаните знаат дека тоа што е важно е стилот, а не модата“.
„Боите на тосканското зајдисонце насликани на небото се врвно уметничко дело, потсетник на убавината што нè опкружува“.
„Италија е гозба за сите сетила, таму секоја глетка, звук и вкус ви буди длабока восхит од убавината на светот“.
„Италијаните додаваат работа и живот на храната и виното“.
„Луѓето доаѓаат во Италија поради различни причини, но остануваат поради две исти причини. Кои се? Љубовта и сладоледот“.
„Италија никогаш нема да биде нормална земја. Затоа што Италија е Италија. Ако беше нормална земја немаше да го има Рим. Немаше да ја има Фиренца. Немаше да ја има величествената Венеција“.
С. С. | Црнобело / фото: Пинтерест