Мајка му извршила самоубиство, 20 години пробувал да се прослави – Факти за Педро Паскал, актерот од Narcos
Родителите на Педро избегале од Чиле кога тој имал 9 месеци. Мајка му се самоубила, сестра му е трансродово лице, а актерот 20 години безуспешно пробувал да се пробие во филмската индустрија. Кој е Педро Паскал, актерот кој стана светски познат „преку ноќ“, посебно со улогата во „Narcos“?
Цели две децении, Педро Паскал безуспешно пробувал да се пробие во филмската индустрија, сè до улогата во Game of Thrones со која веднаш ја освои јавноста.
Набрзо потоа следеа улогите во хит-сериите Narcos и The Mandalorian, за на крај да биде избран за главната улога во серијата The Last of Us.
Па, дури на 47-годишна возраст, Педро Паскал си го оствари сонот да стане светски познат актер.
Неколку факти за животот на Педро Паскал:
Хосе Педро Балмаседа Паскал е роден во 1975 година во Сантијаго, Чиле.
Неговата мајка била детски психолог, додека неговиот татко – доктор.
Актерот има помлад брат – Николас – и помлада сестра – Лукс, која исто така е актерка.
Сестра му Лукс е трансродово лице.
Во 2021 година, Лукс Паскал откри дека е трансродово лице и се појави на насловната страница на популарен магазин од Чиле.
Актерот ја сподели насловната страница, со опис:
„Мојата сестра, моето срце, нашата Лукс“.
Поради Лукс, актерот е и активист за правата на лицата од ЛГБТ заедницата.
Се преселил во САД во 1970-тите, заедно со родителите.
Родителите на Педро се всушност бегалци – заедно со актерот и другите две деца, избегале од диктаторскиот систем во Чиле.
Педро имал само девет месеци и најпрво неговите родители добиле политички азил во Данска.
По некое време, се преселиле во Тексас, САД.
Токму во САД, Педро почнал да сонува да стане актер.
Уште во младоста, Педро пробувал да се пробие во филмската индустрија.
Добивал некои мали улоги во серии, филмови и театарски претстави, но не забележал значителен успех.