Стана татко на 56 години, бил сексуално злоупотребуван како дете: Се сеќавате ли на вујко Џес од Full House?
Има 61 година, но и понатаму е истиот шармер како во времето кога го глумеше вујко Џес во серијата Full House. Како изгледа и што прави денес актерот Џон Стамос?
Серијата Full House им беше отскочна штица на сестрите Мери Кејт и Ешли Олсен, на Лори Лохлин, а и, починатиот комичар Боб Сегет, стекна светска популарност со оваа серија.
Но, вистината е дека многумина ја гледаа серијата поради Џон Стамос кој го глумеше вујко Џес.
Овој актер и денес снима филмови и серии, и иако е постојано дел од холивудските збиднувања, со ниедна улога не го повтори успехот на улогата што му ја лансираше кариерата.
Што знаеме за Џон Стамос и каде е денес?
Роден е на 19 август 1963 година во Калифорнија
Неговото семејство има грчки корени.
Од дете покажувал интерес за глума и музика, а првата улога ја добил на 19 години во серијата General Hospital
Оваа улога му ја донела првата номинација за наградата Emmi, но и статусот на миленик на тинејџерките.
Сепак, се стекна со светска слава кога почна да го глуми Џес Катсополис во Full House во 1987 година
Последната улога му е во серијата Doctor Odyssey.
Освен што е актер, тој е и страстен музичар, па често настапува со бендот The Beach Boys.
Од 1998 до 2005 година беше во брак со актерката Ребека Ромијн.
Во 2018 година се ожени со Кетлин Мек Хју.
Парот ги има синот Били кој се роди кога Џон имаше 56 години.
Ова е прво дете на актерот.
Минатата година издаде книга во која откри дека кога имал 10-11 години бил жртва на сексуално малтретирање од страна на тогашната бебиситерка.
А. Ј. | Црнобело