Мајка му извршила самоубиство, 20 години пробувал да се прослави – Факти за Педро Паскал, актерот од Narcos
Неговата мајка извршила самоубиство во 1999 година.
Оттогаш, тој го користи нејзиното моминско презиме – Паскал – во нејзина чест.
По смртта на мајка му, тој уште повеќе се посветил на глумата. Актерот има споделено дека таа му била најголемата поддршка: „Немаше да успеам во ништо да не беше таа“.
Актерот редовно го посетува Чиле.
Самиот има изјавено дека додека мајка му била жива, честопати оделе во родната земја за тој да може да ги види неговите 32 братучеди.
Бил голем фан на Game of Thrones пред да ја добие улогата.
Во 2013 година, Педро Паскал беше избран за улогата на Оберин Мартел во популарната серија Game of Thrones.
Наводно, за аудицијата испратил видео од него, снимено на iPhone.
Иако неговиот лик се појавува во само една сезона, ова беше доволно за да биде забележан.
Набрзо потоа доби и други улоги.
Во 2015 година, актерот доби важна улога во Нетфликс серијата Narcos.
Во 2019-та, пак, ја доби главната улога во серијата The Mandalorian инспирирана од франшизата Star Wars.
Иако во оваа серија не се ни гледа неговото лице, Педро брзо стана миленик на публиката.
Со The Last of Us, стана најпопуларниот актер во светот.
Серијата The Last of Us е снимена според истоимената видеоигра и важи за најдобрата адаптација на видеоигра досега.
Педро ја има една од главните улоги и толку ѝ се допадна на јавноста, што на ноќта на Оскарите, повеќе луѓе ја гледале последната епизода од сезоната, отколку преносот од реномираниот настан.