Сите мислеа дека е мртов, 25 години е во среќен брак – Факти за омилениот негативец од латиноамериканските сапуници

Минатата година на социјалните мрежи се појави информација дека починал, но Цезар Евора сѐ уште работи на нови ТВ проекти. Побегнал од родната Куба за да им обезбеди подобра иднина на децата и сопругата, но во Мексико се вљубил во друга жена, со која е во среќен брак повеќе од 25 години – Што знаеме за омилениот негативец од латиноамериканските сапуници?

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-01.jpg

Оние што во минатото гледале латиноамерикански сапуници, сигурно се сеќаваат на актерот Цезар Евора, кој најчесто ги толкуваше улогите на негативците во сериите.

Најмногу го помниме по улогата во сериите „Маријана“ и „Љубов и омраза“, а беше препознатлив по длабокиот глас и харизмата.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-02_copy_copy.jpg

Цезар е еден од латиноамериканските актери кои тешко се забораваат, а во продолжение неколку интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:

Цезар Евора е роден во Куба, на 4-ти ноември 1959-та година и иако сакал да стане актер, сепак одлучил да студира геофизика.

Сосема случајно одлучил да оди на аудиција, каде бил избран од 500 други учесници за да ја одигра својата првата улога.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-03.jpg

Во 1999-та година одлучил да замине во Мексико и да побара работа таму, а во Куба веќе бил оженет и имал 2 деца - Рафаел и Маријана.

Во Мексико брзо нашол работа, но му било тешко што бил оддалечен од децата:

„Отсекогаш имавме добра комуникација и секогаш бевме многу поврзани. Се обидувавме да поминуваме колку е можно повеќе време заедно.

Ги носев во Мексико на одмор, а ги земав со мене во студиото кога работев на снимање“ – рече тој во една прилика и откри дека главна причина заради која одлучил да замине од Куба била за да обезбеди подобра иднина за своите деца.

Во Мексико, Цезар ја запознал убавата Вивен Домингез, која потоа ќе му стане сопруга и со неа ќе добие уште една ќерка, Карла.

Цезар прво отишол во Куба за да се разведе од првата сопруга, па се вратил во Мексико за да се ожени со Вивиен.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-05.jpg

Цезар има одиграно најмногу улоги со неговата колешка Викторија Руфо, со која се појавија и во серијата „Маќеа“.

Тие заедно играле во шест филмови, а со оглед на тоа што секогаш глумат брачен пар, публиката дури и ги доживува како да се заедно.

„Навистина е импресивно, тоа е интересен општествен феномен за проучување. Јас и Викторија работевме заедно на повеќе проекти и публиката нѐ прифаќа како да сме вистински пар, но секој од нас има посебен живот, посебно семејство“ – вели тој и додава дека се соочил со закани по живот во моментот кога продуцентите одлучиле да ја заменат Викторија со друга актерка, па публиката побеснела затоа што тој ја „изневерил“ со друга актерка.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-07.jpg

Во 2022-ра година на социјалните мрежи почнаа да се шират гласини дека актерот починал, а тој вели дека не е првпат да се појават такви шпекулации за него.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-10.jpg

Тој годинава треба да игра во нов проект, а не престана да работи ниту во време на ковид пандемијата.

proshirija-lazhna-vest-deka-pochinal-25-godini-e-vo-srekjen-brak-so-vtorata-sopruga-fakti-za-omileniot-negativec-od-latinoamerikanskite-tv-serii-11.jpg

Прочитајте и Заводниците од латиноамериканските теленовели - како изгледаат денес Ранду, Луи Давид и останатите?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Ги создал атомските бомби фрлени во Јапонија, починал од тешка болест – Кој бил Опенхајмер? Бил згрозен од разорната моќ на атомските бомби што ги создал, живеел со голема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg