Заводниците од латиноамериканските теленовели - како изгледаат денес Ранду, Луи Давид и останатите?

20 часот навечер, време е за шпанска серија! Се лепиме пред телевизорите и ја голтаме содржината од тв екраните. Започна со лудилото наречено „Касандра“, а заврши... па не сме сигурни со кого заврши, бидејќи шпанските теленовели не се повеќе во мода, но актерите од истите ни останаа во пријатни сеќавања.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-01.jpg

„Дивиот ангел“, „Росалинда“, „Есмералда“, „Маќеа“ и уште многу наслови ни ѕвонат низ спомените, а еве кои беа најголемите фраери во шпанските тв серии и како изгледаат денес:

Освалдо Риос

Луи Давид или Игнасио, кој ти е омилен? Па истиот глумец е, каква врска има тоа? Ама нели Касандра заслужува да биде со Луи Давид? Недоумици, солзи, многу пресврти и купување весници на полноќ, за да ја прочитаме содржината од наредната епизода.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-02.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-03.jpg

Хенри Сото

А што би била серијата „Касандра“ без кралот на Ромите, Ранду? Кој не се обидел да фрла ножеви како него не растел во времето на златните ’90-ти. Или не ја гледал серијата, што е просто невозможно.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-04.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-05.jpg

Фернандо Колунга

Овој глумец веројатни се појави во најголем број шпански серии. Или пак имавме среќа најмногу да ги прикажуваат неговите.

Сепак, кој може да ја заборави маестралната „Злобница“ кога глумеше покрај Габриела Спаниќ?

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-06.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-07.jpg

Факундо Арана

Наспроти сите добри средени типчиња со кратки спастрени фризури, Иво ди Карло во „Дивиот Ангел“ се појави со долга коса, а жените збудалеа.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-08.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-09.jpg

Фернандо Кариљо

Типична шпанска приказна, млада сиромашна цвеќарка се вљубува во богатиот тип. И така Росалинда си го најде својот принц.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-10.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-11.jpg

Вилијам Леви

Можеби најпрославениот актер од групава, кој мора да признаеме изгледа одлично и денес. Кога Џенифер Лопез ќе те побара да глумиш во нејзин спот, мора да правиш нешто како што треба.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-12.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-13.jpg

Цезар Евора

Цезар е еден од најталентираните латиноамерикански актери со богата кариера зад себе, а го видовме во голем број улоги, од миленик до лош негативен лик.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-14.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-15.jpg

Едуардо Сантамарина

Алехандро на фаталната Руби. Несудената љубов, само затоа што немаше доволно пари за да ја освои девојката. Подоцна се збогати, но веќе беше доцна. Руби се омажи за...

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-16.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-17.jpg

Себастијан Рули

... Хектор во истоимената серија. Сите нè освои со изгледот, добрината и по малку наивниот карактер. Двајца мажи фатени во мрежата на Руби.

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-18.jpg

Zavodnicite-od-shpanskite-telenoveli-19.jpg

Едноставно, не се прават повеќе вакви серии, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога стана толку безобразно скапо да се излезе на „пијачка“ во Скопје? Јас сум од времето кога џин-тоник беше 60 денари, шише пиво се продаваше за 50, ...
„Мора да јадеш леб“ и уште 6 (застарени) навики со кои родителите нѐ излудуваат Постарите сѐ уште веруваат дека ќотекот е излезен од рајот, дека старите и дотра...
И кога имате над 50 години не запирајте - животот допрва почнува Во минатото жените на таа возраст плетеле чорапи и полека почнувале да одат на г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg