Факти за првиот сопруг на кралицата Камила: Ја изневерувал со другарки, спиел со сестрата на Чарлс
„Ендру беше најголемиот заводник во Лондон. Висок, згоден, софистициран… Половина од жените што го познаваа беа вљубени во него“ – вака е опишуван првиот сопруг на кралицата Камила, кој ја изневерувал „на секој чекор“.
Добро познат факт е дека врската на кралицата Камила и принцот Чарлс почнала како афера, во период кога и двајцата беа во брак.
Но, поретко се зборува за тоа дека Камила не била единствената неверна во бракот – нејзиниот прв сопруг, Ендру Паркер Боулс, ја изневерувал многупати, најчесто со нејзини пријателки.
Неколку детали за бурниот живот на 85-годишниот Ендру Паркер Боулс:
Ендру потекнува од угледно семејство – неговите родители биле блиски пријатели со мајка ѝ на покојната кралица Елизабета.
Кога имал 13 години, тој вклучен и во церемонијата за крунисувањето на Елизабета.
По смртта на неговите родители, тој станал миленик на кралското семејство.
Студирал на Кралската воена академија, а потоа, во 1960 година, станал дел од Кралската коњаница.
Од кралицата, пак, добил и орден за храброст.
Уште во младоста бил особено близок со сегашниот крал Чарлс, а извесен период играле поло во ист тим за време на кралските натпревари.
Иако сите имале само добри зборови за Ендру, сепак и тој имал мана – бил познат како „женкар“.
Постојано ги менувал девојките, а успеал да ја освои и принцезата Ен – ќерката на кралицата Елизабета, односно сестрата на Чарлс.
Тогаш Ен имала 19 години, додека Ендру имал скоро 30.
Според извори блиски до кралското семејство, имале многу заеднички работи, но биле свесни дека нема да добијат дозвола да се венчаат бидејќи тој бил католик, додека Ен и кралското семејство се протестанти.
По раскинувањето, не само што останале добри пријатели, туку Ендру е кум на едно од децата на принцезата.
Ендру ја запознал Камила на 25-годишна возраст, односно пред да ја почне врската со принцезата Ен.
Тогаш Камила немала ни 18 години.