Факти за првиот сопруг на кралицата Камила: Ја изневерувал со другарки, спиел со сестрата на Чарлс
Ендру и Камила почнале врска кратко откако се запознале, но тој постојано ја изневерувал, доста често и со девојки кои ѝ биле блиски пријателки.
Раскинувале и се смирувале многупати, додека во меѓувреме Ендру имал врска со принцезата Ен, а Камила – со кралот Чарлс.
И покрај целата драма, во 1973 година, Ендру и Камила стапиле во брак.
Сепак, ни бракот не го спречил Ендру да се гледа со други жени и според извори блиски до кралското семејство, ја изневерувал Камила „на секој чекор“.
„Многу често, овие жени беа пријателки на неговата сопруга, но сепак паѓаа на неговиот шарм.
Аферите на Ендру беа факт, но Камила ретко зборуваше за нив. Всушност, во нивниот дом ретко се чувствуваше тензија“.
Тие издржаа заедно дури 22 години, а добија и две деца – синот Том и ќерката Лора.
Одлучија да се разделат кога кралот Чарлс јавно призна дека имал афера со Камила, во 1995 година.
Иако Камила одлучувала да ги игнорира аферите на Ендру, а и самата се гледала со Чарлс, воопшто не ѝ било сеедно.
„Камила беше огорчена од аферите на Ендру кои почнаа уште пред да се венчаат.
А, на Ендру никогаш не му недостасуваа можности да биде неверен – голем дел од времето минуваше сам во Лондон“, има изјавено извор близок до парот.
Ендру бил особено популарен во Лондон.
„Цели три децении, Ендру беше најголемиот заводник во Лондон и сите зборуваа за него.
Висок, згоден, софистициран – обожаваше да разговара со жени, а и тие покажуваа интерес за него.
Половина од жените кои го познаваа беа вљубени во него“.
На Ендру му требаше помалку од една година за повторно да се венча. Со втората сопруга остана до крајот на нејзиниот живот, пред околу 14 години.
Бидејќи Ендру отсекогаш бил дискретен за неговите афери, нема многу детали за тоа дали ја изневерувал и втората сопруга.
Со Камила, пак, до денес се во добри односи.
Додека неговата сопруга била жива, честопати со неа, Камила и Чарлс излегувале заедно.
Ендру е близок и со сите членови на кралското семејство, а доста често се појавува покрај нив на кралски настани.
Спирова С. | Црнобело