Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бил расист, ги запоставувал децата – Мрачни детали за таткото на Доналд Трамп

Доналд Трамп потекнува од моќно и богато семејство, но наводно неговото детство било ужасно, најмногу поради татко му. Тој го запоставувал Доналд, но и го омаловажувал кога правел и најмали грешки.

bil-rasist-gi-zapostavuval-decata-mrachni-detali-za-tatkoto-na-donald-tramp-001.jpg

Доналд Трамп повторно станува актуелен со неговата кандидатура за претседател на САД.

Познатиот милијардер има цела армија поддржувачи и обожаватели, но од друга страна многумина го сметаат за контроверзна личност.

А, ни неговиот татко немал многу добра репутација кај некои луѓе.

Неколку мрачни детали за Фред Трамп, таткото на Доналд:

Бил уапсен на собир на расисти

Фред Трамп првпат бил уапсен во 1927 година, кога учествувал во собир на Кју-Клукс-Клан (ККК) – озлогласената расистичка организација од САД која низ годините е поврзувана со убивање на луѓе од други раси, особено афроамериканци.

Имено, скоро илјада членови на организацијата се собрале во Њујорк за да протестираат против смртта на двајца фашисти од Италија.

И, ситуацијата излегла од контрола.

Тогаш Фред имал 21 година и бил уапсен бидејќи одбивал да се предаде на полицијата.

Сепак, според некои извори сосема возможно е само случајно да се нашол среде протестот, но ова не е потврдено.

bil-rasist-gi-zapostavuval-decata-mrachni-detali-za-tatkoto-na-donald-tramp-06.jpg

Беше под истрага за вклученост во корупција

Фред Трамп го стекна богатството во индустријата со недвижности и пред смртта, „тежеше“ над 300 милиони долари.

Сепак, надлежните се сомневале за вистинското потекло на неговото богатство.

Тој беше под истрага бидејќи надлежните се сомневале дека ги преувеличувал цените за изградба на неговите имоти, со цел да зема повеќе пари од властите.

А, вишокот од овие пари го чувал за себе.

Сепак, никогаш не бил уапсен за ова, но сомнежите за нелегалното работење на семејството Трамп траат до денес.

bil-rasist-gi-zapostavuval-decata-mrachni-detali-za-tatkoto-na-donald-tramp-02.jpg

Неговата внука го нарече „социопат“

Во својата книга за семејството Трамп, внуката на Фред, Мери Трамп, пишуваше за неговиот однос со семејството и го обвини за расизам и сексизам.

Истовремено, таа пишува дека целосно го запоставувал Доналд.

„Тој (Доналд) беше напуштен од мајка му најмалку една година, а имаше татко кој не го сакаше и не го ценеше…

Со тоа Доналд доби рани кои ќе ги носи целиот живот“.

bil-rasist-gi-zapostavuval-decata-mrachni-detali-za-tatkoto-na-donald-tramp-04.jpg

Син му почина од алкохолизам, наводно поради него

Според книгата на Мери Трамп, Фред постојано вербално го напаѓал најстариот син – Фред Џуниор.

Поради ова, тој почнал да пие, па почина во 1981-ва на само 43 години, од алкохолизам.

bil-rasist-gi-zapostavuval-decata-mrachni-detali-za-tatkoto-na-donald-tramp-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Го обвини за силување, па се премисли: Факти за бракот (и скапиот развод) на Доналд и Ивана Трамп Се разведоа бидејќи Доналд имаше афера, а по бурниот развод кој траеше две годин...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Факти за Бил Скарсгард, „кралот“ на хорор филмовите: Имал кошмари од улога, живее како номад Улогата во It го направи светски познат, но вели дека имал кошмари од морничавио...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg