Бил расист, ги запоставувал децата – Мрачни детали за таткото на Доналд Трамп
Ги омаловажувал сите деца
Повторно според книгата на Мери, Фред редовно ги омаловажувал неговите деца и таа вели дека ова имало огромно влијание врз нивниот развој, особено врз Доналд.
Таа истакнува и дека единствената причина што Доналд не завршил како криминалец поради малтретирањето на татко му, е тоа што неговите родители имале пари, па тој добил добро образование и можност да основа свои бизниси.
Лажел дека потекнува од Шведска
Фред Трамп потекнува од Германија. А, за време на Втората светска војна мислел дека неговото потекло ќе има лошо влијание врз бизнисот.
Бил особено загрижен за ова бидејќи голем дел од луѓето кои изнајмувале имоти од него биле евреи.
Па, тој лажел дека потекнува од Шведска, а и Доналд учествувал во лагата.
Тие ја откриле вистината дури во 1980-тите.
Бил многу скржав
Иако имал повеќе пари отколку што може да потроши, Фред бил многу скржав човек, а ова го потврди и син му Доналд:
„Татко ми ги собираше шајките, тие што беа вишок, собираше секакви ситници што останува од изградбите и потоа ги препродаваше“.
Според Доналд, татко му дури правел и свое средство за чистење кое се користело во неговите куќи, бидејќи не сакал да дава пари за „непотребни работи“.
Создаде раздор во семејството со тестаментот
По смртта на Фред во 1999 година, за семејството Трамп почна навистина бурен период поради неговиот тестамент.
Овој период се објавија обвиненија, па и тужби од други членови на семејството, дека Доналд Трамп го присилил татко му да го промени тестаментот во негова полза.
На крај, семејството го реши спорот приватно.
Спирова С. | Црнобело