12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца
„Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно да проверите дали преживеале“.
Децата се наше најголемо богатство кое нема цена. Но, иако ги сакаме бескрајно многу, понекогаш сакаме да одмориме од сите тие обврски, кои многу често нè оставаат без енергија.
Па, нема да пречи да се пошегуваме малку на сметка на сите овие родители кои заминуваат на одмор со своите деца, а кога ќе се вратат… им треба дополнителен одмор.
Смешни изреки во кои ќе се пронајдат родителите додека траат летните месеци:
„'Ми треба одмор', рече една мајка кога се врати од летување со своите мали деца“.
„Летниот период е време кога многу родители сфаќаат дека учителите сепак се премалку платени“.
„Всушност, родителите не одат на одмор. Тие се грижат за нивните деца, но во различен град“.
„Како изгледаат летните денови со деца: Ден 1 – без екрани. Ден 2 – дозволено е гледање во екрани 30 минути. Ден 3 – дозволен е телевизор, таблет, телефон, неограничено“.
„Спомени од лето пред да се родат децата: Јадевме во прекрасен кинески ресторан, а потоа седевме на плажа и го гледавме зајдисонцето.
Спомени од лето со деца: Време кога постојано викаме и речиси никогаш не спиеме“.
„Како помина летувањето со децата: Пливање, гледање телефон и постојани тепачки за секакви работи“.
„Враќањето од плажа со деца значи да си донесете дома доволно песок за и во собата да создадете мини плажа“.
„Мојот родителски став за време на летниот одмор: ’Прави што сакаш, само остави ме на мир!‘“
„Шести ден од летниот одмор: 'Мамо, на ѕидот има голема дупка и не знам како се создала…'“
„Во летните денови пред да се родат децата, уживав да носам бели панталони, сега сакам да купам панталони извалкани од чоколадо и сок“.
„Најчесто слушани зборови за време на летниот распуст: 'Престани! Не прави го тоа! Ќе ѝ кажам на мама! Јас не го направив тоа!'“
„Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно да проверите дали преживеале“.
М. Ѓ. | Црнобело