Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anatomy?
Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џастин Чејмберс (54) стана миленик на жените во светот. Но, и во тоа време, неговото срце ѝ припаѓаше само на неговата сопруга Кеша, со која е во брак повеќе од 30 години.
Некогаш еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, денес е здебелен и со проседа коса.
Но, тој и понатаму го поседува шармот со кој пленеше во серијата што го прослави, Grey’s Anatomy.
Последниве години е повлечен од актерството, но фановите на серијата се надеваат дека еден ден тој повторно ќе се врати во улогата на згодниот доктор Алекс Карев.
Што знаеме за Џастин Чејмберс?
Роден е на 11 јули 1970 година во Охајо.
Има брат близнак кој бега од очите на јавноста и не сака да е популарен како Џастин.
Пред да стане актер, работел како модел.
Моден агент му пристапил во Париз, а Џастин од љубопитност ја прифатил понудата за средба со него.
Низ годините сликал реклами за Armani, Calvin Klein, Dolce&Gabbana.
Првата улога ја добил на 29 години, во комедијата Liberty High.
Дури 6 години подоцна, во 2005, го ангажирале за улогата на Алекс Карев.
Овој лик го глумеше до 2020 година.
Во меѓувреме имаше неколку улоги, но ниедна не го привлече вниманието на публиката, па последните години скоро и да не се занимава со актерство.
Иако беше миленик на жените, со сопругата Кеша е во брак од 1993 година и вели дека љубовта денес им е посилна од порано.
Парот се запознал во времето кога Џастин работел како модел.
Џастин и Кеша имАат пет деца - Изабела (30), близнаците Маја и Кејла (27), Ева (25) и Џексон (22).
Во 2008 година самиот се пријавил во психијатрискиот оддел на UCLA, поради долгогодишна пореметеност при спиењето.
Во интервју подоцна изјавил дека имало периоди кога спиел по само 1 час во текот на цела недела.
За себе вели дека е духовна личност и вежба јога за да се опушти.
А. Ј. | Црнобело