Ја изневерувал јавно, нејзините разголени фотки ги продал во порно списанија – Како Аристотел Оназис го уништи угледот на Џеки Кенеди?
Сите знаат дека нивниот брак бил од интерес, а грчкиот магнат Аристотел Оназис јавно ја понижил поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди, по што нејзиниот углед бил целосно уништен. Што знаеме за бракот на Џеки Кенеди со богатиот грчки бродоградител?
Кога се зборува за Џеки Кенеди, за неа најчесто се мисли како на поранешна прва дама на САД, која во времето на владеењето на нејзиниот прв сопруг Џон Кенеди, беше симбол за елеганција и стил, но малкумина знаат што се случило со неа по атентатот на американскиот претседател.
Додека беше во брак со Џон Кенеди, многумина шпекулираа дека тој ја изневерува со најпознатата русокоса Мерилин Монро, а за време на вториот брак повторно ќе треба да се бори за вниманието на сопругот, но овојпат со убавата оперска пејачка Марија Калас.
Во 1968 година, Џеки ќе стапи во брак по вторпат со грчкиот магнат Аристотел Оназиз, а нивниот брак од самиот почеток ќе наиде на голем број критики.
На многумина не им се допаднала идејата 39-годишната поранешна прва дама на САД да се омажи за 62-годишниот грчки магнат кој имал мошне лоша репутација.
Во 60-тите години на минатиот век, Оназис бил обвинет за измама во САД, претходно бил разведен и со години не ја криел неговата афера со омажената оперска пејачка Марија Калас.
Според многумина, бракот на Оназис за Џеки Кенеди бил негов обид да „се протне“ во влијателните кругови во САД и на тој начин да обезбеди поголем углед.
Љубовната приказна на Оназис и Џеки Кенеди не е бајка, туку според многумина е приказна за брак склопен од интерес и чувство на неизлезност, а ќе заврши трагично.
Проследете во продолжение неколку интересни факти за нивниот брак што можеби не сте ги знаеле:
Џеки за првпат се запознала со Оназис во 1963-та година, непосредно по смртта на нејзиниот син Патрик. Таа била поканета да престојува на бродот на Оназис, Christina од страна на нејзината помлада сестра, за која се верува дека претходно имала врска со грчкиот милијардер.
По смртта на Џон Кенеди и по убиството на Боб Кенеди, Џеки била мошне уплашена за иднината на нејзините деца, па излезот од очајот го нашла во врската со Аристотел Оназис.
Грчкиот милијардер претходно со години ѝ се додворувал, ја опсипувал со скапи подароци, а таа прифатила да се омажи за него во малата капела на неговиот приватен остров Скорпиос.