Познатиот воз „Ориент Експрес“ поминувал низ скопска територија на патот кон својата дестинација - Истанбул, Мајка Тереза е родена во Скопје, во нашиот главен град е изградена и првата зоолошка градина на Балканот, а за заштитничка на градот се смета Голема Богородица...
Кремчињата со лажичка како да имаа поубав вкус, со мастиките-цигари се правевме фраери, ги вадевме буквите од супата и на чинијата си го пишувавме името... Дали овие фотографии ве прават носталгични?
„Денес, првиот училиштен ден е посветен за ставање на фотографии на Фејсбук и вклучување во живо на Инстаграм. Првиот училиштен ден е само уште една причина за мини модна ревија и фотосесија на децата. Дотерани како за на свадба, со таблети во рацете, наместо ранец со тетратки, модерните првачиња ќе тргнат кон својот нов втор дом. Но, некогаш не беше така...“
„Брзај, брзај прваче кон школскиот двор, те чека учителка со мајчински збор...“ Колкумина од вас сѐ уште ги помнат стиховите од првата песничка од Букварот со коишто го започнале своето образование?
Дали ви се случило да слушнете некој близок пријател, роднина или сосема непозната личност како се жали за недостаток на финансии и лошите услови за живот?
На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на летото, крајот на безгрижните детски денови поминати во игра и спиење до доцните часови.
Пред неколку седмици, во домашна атмосфера, се собравме неколку пријатели – сите до еден раштркани низ светот и од толку многу теми најмногу се задржавме за спомените од детството. Одеднаш се отворија толку многу хоризонти, на површина испливаа заборавени секвенци од детството кои буквално нè разнежија однатре.
„Не сум таква мајка каква што сакав да бидам. Не си легнувам рано за да можам да станам наутро одморена. Наместо тоа, седам до доцна и гледам филмови на Нетфликс, но сепак, јас сум мајката што им треба на моите деца и за нив сум сè“. Колку од вас „се уловиле“ себеси како размислуваат на сличен начин?
Симпатична продавачка во години, прилично растревожена и нервозна, со солзи во очите, ѝ се жалеше на својата колешка за работните услови. Поради разговорот што го слушнав се запрашав дали и колку ги почитуваме правата на работниците?
Бајките на „Дизни“, сериите на „Нетфликс“ и „Амазон“, сите блокбастери од Холивуд, шпанските серии со трагични краеви, индиските кои немаат крај, и секако турските серии кои владеат на екраните... но кои се легендите од македонската продукција?
Родителите на децата со посебни потреби креираат еден посебен свет за своите деца. Свет на среќа и веруваат во нешта коишто другите не можат да ги видат. Бидејќи растењето и воспитувањето на дете со посебни потреби не бара посебна фамилија, туку тоа фамилијата ја прави посебна. Бидејќи навистина е потребна посебна личност којашто ќе може да го слушне она коешто децата не можат да го кажат, а сакаат.
Порано, раните 90-тите, во моите детски години, родендените се славеа едноставно, но навистина весело. На менито традиционално, смоки, соленки и пуканки, а за слатко задоволство наполитанки, ресана и бомбици.
Се наоѓаме во пансионот наречен улицата од општеството. Се надевам ви се допаѓа приемот на гостите. Удобно е, можете слободно да бирате во кој ќош од улицата ќе се сместите, без да морате да платите. За храна воопшто не грижите се бидејќи нивното мени е навистина опширно. Кантите со смет биле повеќе од добар избор за преживување на гостите. Овој пансион има навистина многу катови, само што домаќините овде прво ќе ве погледнат како сте облечени, колку пари имате во џебот и ќе ве прашаат што работите, а потоа ќе ви го определат вашето место во општеството.
Девојче (6) се вратило од кај сосетката, на која трагично ѝ починала 8-годишната ќерка. „Зошто отиде таму?“, ја прашал татко ѝ.
Се будам од сонот во кој не се чувствувам безбедно ни додека одам по улица. Еден познаник ми кажа дека ова било нашето невреме. Се прашувате зошто? Па на телевизиите секојдневно ечат ударните вести за нечии згаснати животи, баш на нашата улица. Ме будат силните свирежи на автомобилите кои не сакаат да те пропуштат ни на пешачкиот премин. Додека пак звукот на брзата помош од која крвта ти се смрзнува стана секојдневие.
Додека на Балканот се води интернет војна со сите полемики околу „патлиџан туристите“, на светските плажи никој и воопшто не се замара каде лежиш, што јадеш...
Зарем тука пукнала стомната, па водата од неа ги избришала сите спомени кои вечно ние како народ треба да ги чуваме. Но секојдневно нашето непочитување кон татковината, културата и традицијата зборува колку сме недоследни за да седиме на чорбаџискиот чардак со историска важност. Едноставно со нашето однесување не сме покажале дека го заслужуваме тоа место таму.
Заборавивме да си помагаме без да очекуваме едната или другата страна да го побара тоа. Зарем мора некој да се најде во амбисот за да (размислиме дали да) му подадеме рака?