Една ситница од партнерот што најмногу му значи на секој хороскопски знак
На Скорпиите вистински им значи кога партнерот планира излегувања, патувања, романтични состаноци… Сакаат и тој да презема иницијатива.
Кога е во врска, секој очекува љубов, почит и разбирање од партнерот.
Но, секој има и по некоја ситница која многу му значи кога ќе ја направи партнерот.
Кои ситници во врската им се важни на хороскопските знаци?
Овен
Овните сакаат кога партнерот ги проверува во текот на денот – ги прашува дали се добри, дали нашле решение за проблемот од работа, како се членовите на нивното семејство...
Сакаат да знаат дека партнерот обрнува внимание на она што му го зборуваат и дека се заинтересирани за сите аспекти од нивниот живот.
Бик
Биковите сакаат кога партнерот ги слуша нивните шеги и кога покажува дека се грижи за нивната среќа.
Сакаат партнерот да им покаже дека ужива во нивното друштво, но и смислата за хумор и дека сака да минува време со нив.
Близнаци
На Близнаците им е важно партнерот да зборува за своите чувства без да го молат.
Сакаат тој да биде искрен и транспарентен, дури и за ситници.
Рак
Раковите навистина ценат кога партнерот ги дели своите работи со нив, како храна или омилениот блузон.
И, тие не сакаат да прашаат дали може да си земат од компирчињата на партнерот, туку им значи кога тој ќе ги понуди прв.
Лав
Лавовите сакаат кога партнерот помни ситници за нив.
Како безначајна приказна од детството што му ја раскажале, или кој им бил омилен пејач во тинејџерските години.
Со ова сметат дека партнерот тим покажува дека ги слуша кога зборуваат и дека вистински се интересира за она што имаат да го кажат.
Девица
Вагите ценат кога партнерот ги прашува за мислење.
Без разлика дали станува збор за сериозен проблем или ситница, како која маичка да ја купи, им значи кога партнерот ги вклучува во процесот на избирање.