Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак?

Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидејќи на овие луѓе им треба поттик и потврда за сè што прават.

kako-najlesno-kje-go-osvoite-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Секој човек има нешто на што „паѓа“ кога некој сака да го заведе или да му изрази љубов. А тоа, во голема мера зависи и од хороскопот.

Па, кој е љубовниот јазик на секој хороскопски знак? И, како најлесно да го освоите?

Овен

Овенот смета дека треба да биде на прво место на листата со приоритети на неговиот партнер.

За да ги скршите неговите одбранбени ѕидови и да го освоите, поминувајте што е можно повеќе време заедно и правете работи кои ги сака - спортување, возење мотор, прошетки во природа, посета на некое ново кафуле...

Бик

Биковите сакаат подароци, па најлесно ќе ги освоите ако често им подарувате ситници, дури и без повод.

На родените во овој знак можете да им купите парфеми, накит, чоколадо, украс за домот, билети за кино или да ги носите некаде на јадење - и тие ќе бидат ваши.

Близнаци

Близнаците сакаат да слушнат што чувствувате за нив, па затоа не претпоставувајте дека тие знаат дека ви се допаѓаат.

Оставете им љубовна порака или кажете им в лице дека ги сакате и гледајте ја нивната реакција - во истиот момент ќе се „стопат“.

Рак

Најдобриот начин да ги освоите Раковите е со физички допир, бидејќи иако делуваат круто однадвор, тие се меки однатре.

Тие сакаат да го спуштат својот гард со личностите кои им значат, а тоа ќе го направат ако ги чувате, галите и бакнувате.

Лав

Лавовите сакаат кога другите им се целосно посветени и ги гледаат со восхит.

За да ги освоите, згответе им вкусен оброк, масирајте ги, кажувајте им колку се добри во нешто, преземете некои нивни обврски на себе...

Девица

Девиците сакаат работите да се одвиваат полека, па затоа не ги брзајте, но и не им кажувајте веднаш дека ви се допаѓаат.

Но, кога ќе поминете некое време заедно, почнете да ги заведувате со допири, прегратки, поминете со прстите низ нивната коса, бакнете ги нежно на вратот...

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
5 хороскопски знаци кои мразат да им кажувате што да прават Колку повеќе се обидувате да им кажувате на Овните што треба да прават, толку по...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg