Како најлесно ќе го освоите секој хороскопски знак?

kako-najlesno-kje-go-osvoite-sekoj-horoskopski-znak-02_1.jpg

Вага

За Вагите, исто како и за Биковите, подароците се најдобриот начин да им изразите љубов и да ги заведете.

Но, вистинскиот начин да го направите тоа е да им дозволите сами да си го изберат подарокот - затоа одведете ги во нивната омилена продавница и оставете ги да се „забавуваат“.

Скорпија

Скорпиите сакаат да се фокусот на вниманието на нивниот партнер, па за да ги заведете и освоите, организирајте романтична вечера, викнете ги на прошетка, измислете „игри“ во кои ќе си поставувате лични и интимни прашања...

И, не заборавајте да ги гледате во очи - Скорпиите го обожаваат тоа.

Стрелец

Најлесно ќе ги заведете Стрелците ако им бидете „ветер во грб“ и поддршка, бидејќи на овие луѓе им треба поттик и потврда за сè што прават.

Тоа може да бидат и мали комплименти кои ќе им значат многу, а поради што брзо и лесно ќе ве засакаат.

Јарец

Јарците не сакаат многу слатки зборови, но лесно можете да ги заведете со допири, прегратки, бакнежи, држење за раце или секс.

Тие се противници на јавното изразување љубов и покажување нежности, но многу се поинакви кога ќе се најдете сами, далеку од љубопитните очи.

Водолија

За Водолијата, делата кажуваат повеќе од зборовите, па затоа ќе ја заведете ако ѝ зготвите оброк, ѝ однесете појадок в кревет, отидете да испазарите во маркет наместо неа, ако го носите куферот за да не се мачи...

Водолиите сакаат визуелна потврда дека се сакани и ценети.

Риби

Рибите сакаат да поминуваат многу време со личноста со која се во врска и да ја чувствуваат нејзината љубов и наклонетост.

А, тоа ќе го покажете така што ќе го исклучите мобилниот кога сте заедно, или ако ги поттикнете да зборуваат отворено за своите желби, цели и интереси во животот.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
5 хороскопски знаци кои мразат да им кажувате што да прават Колку повеќе се обидувате да им кажувате на Овните што треба да прават, толку по...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg