Еден гест од партнерот што најмногу му значи на секој хороскопски знак
Вага
Вагите се најсреќни кога партнерот ги изненадува со ситни подароци.
Чоколатце, приврзок, што било што е евтино, но покажува дека партнерот помислил на нив.
Скорпија
На Скорпиите вистински им значи кога партнерот планира излегувања, состаноци, дружби…
Не сакаат да се чувствуваат како само тие да организираат се, па среќни се кога партнерот презема иницијатива.
Стрелец
Стрелците ги обожаваат комплиментите од партнерот во мигови кога не ги очекуваат.
Доволен е еден мал комплимент од партнерот, без разлика дали за нивната насмевка, кафето што му го направиле или што било друго, за да им се разубави денот.
Јарец
Јарците сакаат кога партнерот им се заблагодарува за ситниците што ги прават за него.
Со ова партнерот им покажува дека ја цени помошта што ја добива од нив.
Водолија
Водолиите сакаат кога партнерот ги помни нивните омилени работи, како храна, филм, песна…
Ова им покажува дека партнерот обрнува внимание и на најмалите ситници и дека вистински ги сака.
Риби
Рибите сакаат кога партнерот ќе им помогне, без самите да го бараат тоа.
Без разлика дали е миење садови, правење вечера или нешто сосема друго, им значи кога партнерот ќе покаже дека се грижи за нив.
Спирова С. | Црнобело