ТРЕНДИНГ (24ч.)
Како се вртат парите?
Живеам во мал приморски град. Сите сме во долгови до гуша. Туристичката сезона е еднаква на нула – нема никој, никој не доаѓа, никој не се најавува да дојде.
За Велигден, ненадејно, кај Мате во пансионот, дојде еден американец. Бара апартман. Има слободни, нормално!
Американецот остави $100 долари на рецепција, зеде клуч и отиде да го разгледа апартманот. Мате ги зграпчи парите и истрча кај месарот да му го врати долгот за купеното месо.
Месарот ги зеде парите и отиде да му плати на добавувачот. Овој уште побрзо истрча до фармата за да му плати на селанецот за прасето, долг кој го влече уште од Божик.
Селанецот ги зел парите и истрчал до локалната „меракликa“ која веќе подолго време му давала на кредит и му се заканила дека ќе почне да му пресметува и камата.
Меракликата дотрча кај Мате во пансионот за да плати за собата, долг од минатата година. Мате ги зеде парите, а американецот се симна во истиот момент и рече дека не му одговара апартманот. Мате му ги врати неговите 100 долари и американецот си отиде.
Сите во нашето место заклучија дека иако немаше некоја голема заработка од оној американец, сепак барем сите успешно си ги вратија долговите и нема причина за грижа.