Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете

Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колку вицеви за снаи и свекрви знаете?

vicevi-za-snai-i-svekrvi-na-koi-slatko-kje-se-nasmeete-01.jpg

Вицевите за снаи и свекрви никогаш не пресушуваат. Нивниот проблематичен однос отсекогаш бил предмет на шега и за нив постојат голем број вицеви.

Да се присетиме на некои од нив и слатко да се насмееме:

Политика во домот

Свекрвата на својата нова снаа сакала да ѝ објасни кој каква позиција има во семејството и сметала дека најдобро тоа ќе го направи преку политички концепт, па ѝ рекла:

„Јас сум премиер и министер за финансии во домот, твојот свекор е министер за надворешни работи, син ми, твојот сопруг е задолжен за набавки, а ќерка ми е задолжена за планирање и развој. Ти кое министерство ќе го водиш?“ – ја прашала свекрвата снаата.

Снаата се насмевнала и ѝ одговорила:

„Па драга свекрво, јас ќе бидам лидер на опозицијата...“

Помош

Се шетаме со пријателката, кога гледаме пет девојки ја тепаат свекрва ми.

Пријателката ми вика:

„Нема ли да помогнеш? Зарем така ќе си стоиш?“ – а јас ѝ велам:

„Не бе овие пет ѝ се доволно... Ќе завршат работа.“

Гости

Снаата ја зема свекрвата од автобуска станица и ја прашува:

„Мамо, колку долго планираш да останеш кај нас?“ – на што свекрвата одговорила:

„Па, колку ви требам толку ќе останам“...

„Аман бе мамо, барем едно кафе да се напиеше...“ – одговорила снаата.

Исполнета желба

Свекрва ми се јави да ни каже дека паднала во фонтаната каде што се фрлаат парички и се замислуваат желби и ја скршила ногата, па сега е во болница.

Навистина бев изненадена – не знаев дека толку брзо ќе ми се исполни желбата.

Искрен одговор

Ја прашуваат снаата:

„Ако тигар ја напаѓа свекрва ти и можеш да спасиш еден од нив, кого ќе спасиш?“

Таа одговора:

„Се знае, тигарот. Тие се видот што е на изумирање...“

Рај

Како се викала свекрвата на Ева?

Таа немала свекрва, забораваш дека живеела во рајот.

Роденденски подарок

Свекрвата побара за роденден да ѝ купам нешто за бањање.

Не ми е јасно зошто не ѝ се допаѓа фенот што го купив...

Казна

Која е најголемата казна за полигамијата?

Тоа што ќе имаш повеќе свекрви...

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешни фото-докази – Зошто некогаш е подобро да платите поскапо? Ужасна хотелска соба или фризер кој ве потстрижува практично бесплатно, но потоа...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Медицински сестри откриваат смешни работи што слушнале од пациенти Медицинските сестри имаат видено и слушнато речиси сè.  „Еден ортопедски...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg