Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи
Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, знаеш дека јас плачам за секоја ситница“.
Вицевите за Мујо едноставно немаат рок на траење. Колку и да се кратки понекогаш, тие се ефикасни и успеваат да ни измамат насмевка.
Вицеви за Мујо:
Мујо организирал средба за сопругата, сосетката и љубовницата, па им рекол:
„Девојки, времињата се тешки, ќе има отпуштања“.
Фата му вели на Мујо:
„Морав да изедам три полнети пиперки, пред да го земам лекот“.
„А кој лек?“, ја прашува Мујо.
„Капки за очи“, му одговара Фата.
Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“
Таа му одговара:
„Ќе плачам Мујо, знаеш дека јас плачам за секоја ситница“.
Докторот го прашува Мујо: „Пушиш ли?“
Мујо му вели: „Само после секс“.
Докторот: „Гледам, белите дробови ти се како нови“.
Мујо влегува во бурекџилница и прашува:
„Дали уште трае наградната игра?“
„Која наградна игра?“, го прашуваат.
„Таа во која тој што ќе најде месо во бурекот е добитник“.
Мујо се отселил во Канада, па по неколку години се враќа во родното село.
Соселаните го прашуваат: „Мујо, зарем навистина толку е студено во таа Канада, како што викаат?“
Мујо им одговара:
„Па, првата година кога отидовме во Канада направивме снешко. И ете го, уште стои во дворот, само му го менуваме морковот (носот)“.
С. С. | Црнобело