6 хит вицеви за повесел ден

Се караат маж и жена и жената вреска: „Те молам Господе земи ме!“ На ова мажот вели: „Не е тој будала како јас!“

6-hit-vicevi-za-povesel-den-01.jpg

Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само добро да се насмееме. 

Неколку хит вицеви, кои ќе сакате да ги споделите со пријателите:

Добар ден! Јас сум соседот од станот под вас. Мора да ве замолам жена ви да биде малку потивка кога водите љубов.

Навистина не можам веќе секоја вечер да слушам: „Ах, Милане, уште Миланееее...“

Се плашам дека сте го погрешиле станот.

Јас се викам Драган и секогаш работам трета смена.

Мујо ги собрал сопругата, сосетката и љубовницата и им кажал...

„Девојки, времињата се тешки, ќе има отпуштања“.

Мујо се отселил во Канада и после неколку години се враќа на посета во родното село.

Соседите го прашуваат:

„Мујо, вистина ли е толку студено во таа Канада?“

Мујо одговара:

„Кога пристигнавме првата година, направивме Снешко и ете го, уште стои, веќе трета година. Само морковот му го менуваме редовно“.

Се караат маж и жена и жената вреска: „Те молам Господе земи ме!“

На ова мажот вели: „Не е тој будала како јас!“

Која е разликата помеѓу свекрва и комарец?

Комарецот ти досадува само во лето!

Мажот ѝ објаснувал на жена си како цела ноќ бил по кафеани со Марко.

Таа молчела и слушала. А слушал и Марко од орманот.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg