Како се вртат парите?

kako-se-vrtat-parite-povekjeЖивеам во мал приморски град. Сите сме во долгови до гуша. Туристичката сезона е еднаква на нула – нема никој, никој не доаѓа, никој не се најавува да дојде.


За Велигден, ненадејно, кај Мате во пансионот, дојде еден американец. Бара апартман. Има слободни, нормално!

kako-se-vrtat-parite

Американецот остави $100 долари на рецепција, зеде клуч и отиде да го разгледа апартманот. Мате ги зграпчи парите и истрча кај месарот да му го врати долгот за купеното месо.

Месарот ги зеде парите и отиде да му плати на добавувачот. Овој уште побрзо истрча до фармата за да му плати на селанецот за прасето, долг кој го влече уште од Божик.

Селанецот ги зел парите и истрчал до локалната „меракликa“ која веќе подолго време му давала на кредит и му се заканила дека ќе почне да му пресметува и камата.

Меракликата дотрча кај Мате во пансионот за да плати за собата, долг од минатата година. Мате ги зеде парите, а американецот се симна во истиот момент и рече дека не му одговара апартманот. Мате му ги врати неговите 100 долари и американецот си отиде.

Сите во нашето место заклучија дека иако немаше некоја голема заработка од оној американец, сепак барем сите успешно си ги вратија долговите и нема причина за грижа.

Би можело да ве интересира:

Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...
11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам н...
Смешна фото-компилација: Неуспешни обиди за градинарство Лимон голем колку зрно грашок, морков кој личи на стапче – смешни фотки од неусп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg