11 малку мрачни шеги, кои не се за сечиј вкус

„Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам на жена ми, но потоа се сетив зошто всушност копав во градината“.

mrachni-shegi-koi-ne-se-za-onie-so-slabo-srce-01_copy.jpg

Дали сте и вие вљубеници во црн хумор или едноставно ве ежат шеги од овој тип?

Ако сте во првата група, оваа наша листа ќе ви се допадне.

Мрачни шеги:

Сакам да бидам доволно богата за да бидам сметана за ексцентрична, а не за нестабилна.

Што може да биде подобро од тоа да имаш деца? Јас: „Да имаш мир и пари“.

Не биди расист, мрази ги сите подеднакво.

Мојата баба доживеа 102 години. Кога ја прашав која е тајната, таа ми кажа: „Господ ме казни“.

Што размислува интроверт по 30-минутна социјализација од каков било тип – „Мора да се изгубам оттука веднаш!“

Денес го прашав својот телефонски асистент: „Сири, зошто сум уште сингл?“ и ми ја вклучи предната камера.

Маж се буди од кома и жена му ја менува црната облека на себе и нервозно му се обраќа: „Значи за ништо не можам да се потпрам на тебе“.

Копав во нашата градина и најдов ковчег со злато и сакав да истрчам да ѝ кажам на жена ми, но потоа се сетив зошто всушност копав во градината.

Отидов кај другар на посета, ми кажа да се чувствувам како дома, па го исфрлив од станот – навистина мразам гости.

Знаеш дека не си сакан кога ти го даваат фотоапаратот секогаш кога се прави групна фотографија.

Ти не си комплетно бескорисен, секогаш можеш да бидеш искористен како лош пример.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...
„Зини земјо, голтни ме“ - Кога инфлуенсерите ќе се посрамотат правејќи фотка Инфлуенсерка закачена на дрво, инфлуенсерка потопена од бран, инфлуенсерка разго...
Смешни (и тажни) дизајни на играчки - Дали би ги купиле? (фото) Некои играчки се направени според толку ужасен дизајн при што финалниот производ...
Забавна фото-компилација: Луѓе кои сигурно имале полош дочек на Нова година од вас Некои скршиле рака ил нога, некои претерале со алкохол, а некои не нашле друштво...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg