Шеги на сметка на мајките кои ќе ве расположат (и во кои ќе се пронајдете)

Четири збора кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти.

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-001.jpg

Знаеме дека шегите за свекрвите секогаш се многу забавни, но понекогаш е интересно да се насмееме и на сметка на мајките, секако, во позитивна смисла, затоа што тие се вистински суперхерои кои секогаш постигнуваат сè во рекордно време, зар не?

Неколку забавни шеги за мајките кои сигурно ќе ве насмеат, особено ако самите сте мајка:

- Знаеш дека си мајка кога фломастерите на твоите деца ги сметаш за оружје за масовно уништување на домот.

- Кога конечно ќе имате време за излегување со другарките, сфаќате дека сета облека што ја имате веќе не е во мода уште од 2003 година...

- Спиење кога си мајка: Состојба на одморање со очите затворени, но сепак можеш да слушнеш сè што прават твоите деца.

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-02.jpg

- Четири зборови кои го решаваат проблемот на таткото: Прашај ја мајка ти.

- Знаеш дека си мајка кога одењето на работа е одмор, а одењето на одмор е работа.

- Благослов за мајката: Нека твоето кафе биде посилно од твоето дете!

- Прво бебе: Почнувате да носите облека за трудници само што ќе видите позитивен тест. Второ бебе: Ја носите вообичаената облека што е можно подолго. Трето бебе: Облеката за трудници ви е нешто секојдневно.

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-04.jpg

- Прекарот ти е „Мама“. Но, вистинското име ти е „Мамооо!“

- Знаеш дека си мајка кога користиш влажни марамчиња буквално за сè.

- Мојата супермоќ како мајка е да бидам единствената личност во домот која може да види празна ролна тоалетна хартија.

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-05.jpg

- Знаеш дека си мајка кога највозбудливиот дел од твојот ден е да бидеш сама во автомобилот.

- Знаеш дека си мајка кога среќниот час е времето за дремка. Твоја или на децата.

- Сè додека мама може да најде нешто, ништо не е изгубено.

- Постои легенда која вели дека ако трипати викнеш „Мамо“ додека се тушираш, ќе се појави жена со крпа во рацете која си ја заборавил/а.

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-06.jpg

- Детето: „Мамо, што е тоа викенд?“ Мајката: „Не знам, сине. Не сум го видела откако си роден“.

- Ги сакам моите деца поеднакво. Освен она кое спие најдолго, тоа ми е омилено.

- Зошто мајките треба двапати да посетат очен лекар? Затоа што имаат очи и на задниот дел од главата!

se-dodeka-mama-mozhe-da-najde-neshto-nishto-ne-e-izgubeno-interesni-shegi-na-smetka-na-majkite-koi-slatko-kje-ve-iznasmeat-07_copy.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешна фото-компликација: Кога чистењето на домот не ви оди по план Замислете да поминете часови во чистење базен, за на крај внатре да ви падне сак...
14 мини злосторства кои поминале неказнето заради шармот на виновниците 10 минути тишина во домот, одите во другата просторија, ви се крева коса од глет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg