Кинеското село Хуакси, сместено во покраината Јиангсу, сосема оправдано го носи прекарот „село на богаташите“. Облакодер на 72 ката, хеликоптери кои прелетуваат постојано, тематски парк и луксузни вили – веројатно ова не би се рекло дека е карактеристично за едно село.