Ова е Џорџ, бебето родено за време на експлозијата во Бејрут, во речиси уништена болница (видео)
- Детали
- петок, 07 август 2020
Ова е Џорџ и докторката Мари Еид. Џорџ се роди во болницата St. George University во Бејрут, веднаш по големата експлозија.
Болницата е сместена на неколку километри од пристаништето на кое настана експлозијата. Џорџ и неговата мајка Емануеле се добро, за среќа породувањето поминало успешно и покрај тоа што целата опрема во болницата била уништена.
https://www.instagram.com/p/CDkRs36AtMe/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CDkLU0QgCiw/?utm_source=ig_web_copy_link
Нејзиниот сопруг го снимил видеото и моментот на експлозијата и помогнал за породувањето. Секоја чест на докторите кои го ставиле животот на бебето и мајката пред сопствениот, без да знаат што точно се случува надвор.
Прочитајте и: Свадбено видео со трагичен крај – фотограф ја „уловил“ експлозијата во Бејрут на 1km
Е. П. | Црнобело