„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“

„По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажував некои навистина чудни работи. Кога се стабилизирав доволно, докторот ми рече: 'Навистина ми е жал што ви го кажувам ова, но треба да ви ги ампутираме и рацете и нозете за да ви го спасиме животот'. Рацете и нозете ми беа црни и не можев да ги помрднам, знаев дека не функционираат...“

dobiv-sepsa-dodeka-bevme-na-odmor-pa-moraa-da-mi-gi-amputiraat-i-racete-i-nozete-01.jpg

Животот може да ни се смени за миг. Секојдневните ситуации и постапки нè водат во нови насоки, а многупати ние не сме моќни да влијаеме на тоа.

Едно такво, за жал непријатно искуство, доживеала и Ким Смит, жена која заминала на одмор во Шпанија со својот сопруг, но уринарната инфекција која ѝ била откриена таму, целосно ѝ го променила животот.

dobiv-sepsa-dodeka-bevme-na-odmor-pa-moraa-da-mi-gi-amputiraat-i-racete-i-nozete-02.jpg

Ким ја раскажува нејзината приказна за Huffington Post:

„Бевме на одмор во Аликанте, Шпанија, во 2017 година, кога почнав да не се чувствувам добро. Една вечер бевме излезени на вечера и имав страшна болка во грбот и на страната, при што се посомневав дека можеби е уринарна инфекција.

Му реков на мојот сопруг дека не се чувствувам многу добро. Потоа, следниот ден се разбудив со ладни раце и нозе. Се тресев, па отидовме во болница. Не зборувам добро шпански, но знаев да кажам каде ме боли. Ми направија рендген, па ме отпуштија.

Утредента беше уште полошо. Кога заминавме во болница ми дадоа инјекција и рецепт за антибиотици. Кога сакавме да ги земеме лековите, ни рекоа дека немаат на залиха и да се вратиме утре.

Следниот ден, во четири часот наутро, се разбудив со чувство дека ќе умрам.

dobiv-sepsa-dodeka-bevme-na-odmor-pa-moraa-da-mi-gi-amputiraat-i-racete-i-nozete-05.jpg

Кога сопругот ме однесе во болница, ме примија, ми ја зедоа облеката и накитот и му ги дадоа нему, велејќи му дека нема да ми требаат, дека може да умрам.

Сопругот не зборуваше шпански и не знаеше што да прави, па ги повика нашите ќерки и мајка ми кои дојдоа веднаш. Кога ме видоа, беа шокирани. Кога го тргнаа чаршафот за да ме фатат за рака, таа беше виолетова.

Во Шпанија поминав шест недели во кома. Потоа, ми беше испратена авионска брза помош, а лекарите во Англија беа шокирани кога ја видоа мојата состојба. Нозете ми беа црни до колена, а рацете црни речиси до лактите. Тогаш моето семејство дознало дека имам сепса.

dobiv-sepsa-dodeka-bevme-na-odmor-pa-moraa-da-mi-gi-amputiraat-i-racete-i-nozete-03.jpg

По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажував некои навистина чудни работи. Кога се стабилизирав доволно, докторот ми рече: 'Навистина ми е жал што ви го кажувам ова, но треба да ви ги ампутираме и рацете и нозете за да ви го спасиме животот'.

Се согласив. Не сум глупава. Рацете и нозете ми беа црни и не можев да ги дигнам од креветот, знаев дека не функционираат.

Едно нешто што ме повреди беше тоа што ја изгубив кариерата како фризерка. Ме вознемири помислата дека нема да можам сама да си ја средам косата. Мојот живот се промени, но секогаш имам насмевка на лицето.

Жива сум, имам одлично семејство и поддршка, зошто не би се смеела?

dobiv-sepsa-dodeka-bevme-na-odmor-pa-moraa-da-mi-gi-amputiraat-i-racete-i-nozete-04.jpg

Јас не сум голем верник во Бога, но мислам дека бев спасена за да бидам силна и да ја раскажам мојата приказна за да помогнам и да спасам и други животи.

Секогаш кога ќе слушнам за некоја смрт од сепса, ми се крши срцето и затоа никогаш нема да престанам да ја подигам свеста за нејзината важност“.

М. Ѓ  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg