Сајт им нуди на девојките да заработуваат објавувајќи голи фотки и видеа - СТОП за виртуелната проституција
- Детали
- четврток, 30 јули 2020
По пандемијата од корона, овој сајт го доживеа својот врв. И не ова не е начин за лесна и брза заработувачка за девојките, туку е проституција.
Пандемијата на светско ниво нѐ затвори во домовите, а Роуз Џонс е девојка од Велика Британија која по тој повод станала дел од сајт на кој девојките може да прикачуваат порнографски содржини и така да заработуваат.
Сајтот „OnlyFans“ наводно на девојките им нуди брза и лесна заработувачка, но всушност станува збор за вирутелна проституција и цената која ја плаќа секоја девојка всушност е многу голема, иако на некои девојки за жал не им изгледа така.
Роуз вели дека се смета себеси за интелигентна студентка која прави разголени фотографии од себе во различни фази додека се соблекува во текот на денот, тој материјал го прикачува онлајн и така заработува.
Вели дека одговара и на некои „специјални“ побарувања од страна на фановите.
Овој сајт стана дигитален феномен со мрачна страна. Лансиран е пред 4 години, а во текот на карантинот го доживеа својот врв.
Наводно тоа е само уште една социјална платформа, но позадината е поинаква. Тука нема филтрирани фотографии од зајдисонца, туку многу посочна содржина.
За разлика од другите социјални мрежи, на оваа е дозволено креаторите на содржина директно да примат уплати од нивните следбеници.