Мистериозното село во кое живеат само богаташи: ако си заминете, губите сѐ!
- Детали
- понеделник, 10 август 2020
Кинеското село Хуакси, сместено во покраината Јиангсу, сосема оправдано го носи прекарот „село на богаташите“.
Облакодер на 72 ката, хеликоптери кои прелетуваат постојано, тематски парк и луксузни вили – веројатно ова не би се рекло дека е карактеристично за едно село.
Секој жител има дебела сметка во банка и живее во луксузна вила. Всушност, сите живеат во комплетно идентични вили.
Но, постои мала „замка“. Ако го напуштите селото и се одлучите да се преселите на друго место, ќе изгубите сѐ што имате и ќе завршите на улица. Секој жител работи по 7 дена во неделата, а парите смеат да ги трошат само вo Хуакси.
Пред 30 години ова било само едно од сиромашните кинески села со популација од 600 жители. Но, тогаш, на власт дошол Ву Ренбао, кој го направил планот за просперитет на селото. Основал неколку моќни бизниси, најмногу во индустријата за челик и бродоградба. Денес има околу 2.000 жители.
Медиумите се заинтересирале за ова село во 2004-та година кога било објавено дека во просек, жител на Хуакси заработува годишно 18.000 долари, што е значително повеќе отколку што заработуваат во другите кинески покраини.
За да ја покажат моќта, властите изградиле облакодер на 72 ката, за кој се потрошени 430 милиони долари. Висината е 328m, или за споредба, 4m повисок од Ајфеловата кула.
За превоз на населението најчесто се користат хеликоптери.
Како точно Хуакси од сиромашно село станува село на богаташи, не е баш најјасно до денес. Ова се смета за тајна, а пристапот на медиумите е ограничен.
Клубови и кафулиња не постојат.
Како изгледа животот овде, погледнете во видеото:
Е. П. | Црнобело