Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината фризура

„Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно е што на тебе ти се допаѓа твојата коса“, вели мајката на девојчето, среќна што нејзината мала ќерка не дозволила да ја погоди неубавиот коментар за нејзината фризура.

florida-01.jpg

Лејла Данаи (4) е една од малкуте афроамерикански деца кои одат во нејзината градинка во Флорида. Токму затоа често привлекува внимание меѓу врсниците.

Нејзината мајка Милдред често ја снима и видеата ги објавува на ТикТок.

Но, видеото во кое малата Лејла раскажува како се одбранила себеси од неубавите коментари на момче од градинката, почна да се споделува на сите социјалните мрежи.

Кога едно од децата во градинката ѝ кажало дека не му се допаѓа нејзината фризура, Лејла му одговорила:

„Мене ми се допаѓа. Ми кажа дека фризурата ми е луда. А јас му реков: ‘Мама ми ја направи. А ако не ти се допаѓа, јас ќе си ја задржам за себе’“, објаснува девојчето во видеото со широка насмевка.

florida-02.jpg

„Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно е што на тебе ти се допаѓа твојата коса“, вели мајка ѝ.

Откако видеото стана вирално, мајката Милдред за американските медиуми раскажала дека секојдневно се обидува да ѝ ја зголеми самодовербата на ќерка си, особено што е една од малкуте деца во градинката со темна боја на кожата.

„Понекогаш не сака да облече нешто затоа што не ѝ се допаѓа бојата, а јас на тоа ќе ѝ одговорам дека мене ми се допаѓа, и дека таа боја ќе ѝ стои убаво, бидејќи и на мене ми стои убаво.

Очигледно нашите разговори допреле до неа, бидејќи имала совршен одговор за детето што, на некој начин, ја навредило“, вели Милдред.

Погледнете го видеото:

@leiladanai

I love hearing about Leila’s day! Today she shared how her classmate didn’t like her hair and she replied ‘well I like it!’ - I have never been more proud! I am glad she didnt need anyone’s validation to feel complete, she knew she loved her hairstyle and that’s what mattered. She stood up for herself, she confidently and honestly communicated her point of view and she didn’t allow someone else to affect her self confidence. I am so proud of her - at 3.5years she stood up for herself and didn’t allow the ent to affect her. We will continue to have a democratic household where her opinion matters! We will continue not forcing to do things she does not want to do and allowing her to speak her mind. I will continue to listen, to guide and be an excellent example. I am so proud of Leila! Strong women, may we be them, may we know them, may we raise them! . . . . . . . . . #kidsselfconfidence #diversity #blackhair #blackkidshairstyles #toddler #momanddaughter #toddlerlife #modelface

♬ original sound - Leila Danai

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg