Комплетно оштетена зградата на седиштето на Зухаир Мурад во експлозијата во Бејрут - „Срцето ми е скршено“
- Детали
- четврток, 06 август 2020
Зухаир Мурад, еден од најпопуларните светски дизајнери, со потекло од Либан, сподели видео од огромната штета која ја нанесе експлозијата во вторникот на зградата на седиштето на неговата модна куќа во Бејрут.
Фасадата, прозорите и вратите се комплетно оштетени.
„Срцето ми е скршено. Не можам да престанам да плачам. Долгогодишниот труд го снема за еден момент. Ти благодарам Господе за сè“. – напиша дизајнерот на својот Инстаграм профил.
Причината за експлозијата уште останува мистерија и додека некои тврдат дека можеби станува збор за напад, властите изјавија дека во таа област се ракувало со високо експлозивни материјали, па оттаму и експлозијата.
Повеќе информации и фотографии може да погледнете ТУКА.
Погледнете и: Најубавите венчаници од романтичната колекција на Zuhair Murad за есен 2020
Е. П. | Црнобело