9-годишно момче топли срца: Цел живот ја расте косата – сега ја донира за деца болни од рак
- Детали
- среда, 05 август 2020
Рајли Стенкоб е 9-годишно момче од Есекс, Англија, кое целиот живот си ја нема скратено косата. Она што ја прави неговата приказна уште поинтересна е тоа што сега, Рајли конечно ќе ја скрати косата, но и ќе ја донира.
Младото момче планира да ја донира косата во организацијата The Little Princess Trust, која им овозможува бесплатни перики од природна коса на дечиња и млади кои ја изгубиле косата поради рак и слични проблеми. Како ова да е малку, Рајли успеал да собере и 800 фунти за организацијата со помош на донации.
Неговата мајка вели дека сите го знаат како „Рајли со долгата коса“, што значи косата е веќе дел од идентитетот на малото момче.
Наводно, уште кога бил многу мал, Рајли никогаш немал кратка коса и воглавно му била со должина до рамената. Со текот на времето само малку ги крател врвовите за да ја одржи формата, па сега косата на Рајли е до неговата половина.
Рајли ја добил идејата да ја донира косата откако отишол во една болница поради неговите проблеми со стомакот. Таму видел неколку деца кои ја изгубиле косата, и тој веднаш сакал да им помогне.
Тој период, поради карантинот, пораснала и косата на неговиот брат Роман. Откако Роман отишол на фрзиер, на Рајли му се допаднала неговата нова фризура, а тоа дополнително го поттикнало и тој да ја скрати косата.
На крај, Рајли одлучил да ја скрати косата и да ја да донира.
„Само се разбуди едно утро и рече Сакам да го направам тоа“, вели неговата мајка.
Мајка му смета дека Рајли е малку нервозен поради големата промена што го очекува, но не се откажувал бидејќи ќе го направи тоа за доброто на другите.
„Луѓето често се соочуваат со лоши коментари и навистина е тажно што некои ја изгубиле косата, а јас сакам да им помогнам да бидат среќни“, вели младото момче, кое ќе ја потстрижи неговата коса на 18-ти август.
Спирова С. | Црнобело