Јантеово правило: Необичен норвешки закон кој никогаш не би се прифатил во Македонија
- Детали
- среда, 05 август 2020
Една од причините заради кои Норвежаните се многу скромни и културни е феноменот - измислениот Јантеов закон како правилник за однесување.
Јантеовиот закон ги става заедниците, а не поединците на прво место – што значи дека нема потреба од истакнување на сопствените достигнувања и фалење зошто некоја личност е подобра од другите. Како резултат на ова, не постои љубомора и несогласување меѓу луѓето, кои најчесто произлегуваат од натпреварите во постигнувањата.
Високите даноци, волонтирањето, чистите улици и рециклирање – Норвежаните постојано вложуваат и придонесуваат за подобра заедница.
Она што во Данска и Норвешка се нарекува јантеловен, во Шведска е јантелаген, а кај Финците јантелаки.
Данско-норвешкиот автор Аксел Сандемосе бил првиот кој ги опишал карактеристиките на скандинавските навики и го смислил непишаниот закон и приказната за измислениот град Јанте, во кој жителите се откажале од сопствениот идентитет и го препуштиле на заедницата (голема група народ, пред себе).
Според Сандемосе, на поединците им е забрането да мислат дека се нешто посебни, подобри или попаметни од другите.
Помладите автори и блогери, пак, сметаат дека Јантеовиот закон е причина за скромноста и недостатокот на самодоверба кај Норвежаните и тоа ги спречува да бидат успешни особено на полето на стартапите.
Едно е сигурно, овој закон, тешко дека би поминал во нашата земја.
Прочитајте и: 10 трикови за среќен живот кои Македонците можат да ги научат од Скандинавците
Е. П. | Црнобело