Платен карантин, па дури и погреб ако се заразат на лет – како Emirates привлекува патници?
- Детали
- вторник, 28 јули 2020
Дали е доволно добар мотив да се одлучите за патување ако авиокомпанијата ви понуди платено лекување и карантин во случај на зараза од корона вирус за време на летот, па дури и покриваат трошоци во случај на смрт. Малку бизарно, но сепак храбро.
Со оглед на тоа што летовите се со драстично помал капацитет и голем број патници уште одбиваат да се качат во авион освен ако не е неопходно, авиокомпаниите се соочуваат со големи предизвици.
Со цел да ги мотивираат патниците и да им влеад храброст да патуваат за време на пандемија, авиокомпанијата Emirates нуди подмирување на трошоци во случај на зараза при нивниот лет.
Според најновата стратегија на авиокомпанијата во соработка со патничко осигурување преку Allianz, ако некој патник се зарази со Ковид-19 за време на нивниот лет, дубајската компанија ќе ги подмири медицинските трошоци (до 150.000 евра), а ќе плаќаат 100 евра дневно за двонеделен карантин во хотелска соба.
Доколку дојде до најлошото можно сценарио, компанијата нуди 1.500 евра за погребални трошоци на патникот.
Звучи малку бизарно, но очигледно компанијата мисли дека на овој начин ќе ги охрабри патниците, а дали навистина ќе успее, останува да видиме.
Оваа понуда важи до 31 октомври 2020-та година, а трошоците за тестирање не се покриени.
Сепак, стравот на патниците за патување не е само заради заразувањето за време на летот, туку и заради стравот од затвоање на границите, разни рестрикции и карантини, кои се одлуки што се менуваат од ден за ден, а го прават целото искуство потешко.
М. М. | Црнобело